Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

ЛДП: Прифатена уште една наша предлог мерка – до 15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Шеталиште 30/07/2025 12:33
LDP-tablici

По намалувањето на банкарските трошоци, уште една мерка предложена од Либерално-демократската партија (ЛДП), се наоѓа пред сама реализација. Директорот на Службата за општи и заеднички работи најави дека до 15 септември сите државни институции и јавни правни лица мора да ги заменат табличките на службените возила со нови, посебни регистарски таблички, се наведува во соопштението од ЛДП, што МИА го пренесува интегрално.

Сведоци сме на разни злоупотреби на службените возила од страна на избраните државни и јавни функционери за приватни потреби во минатото и затоа ја поздравуваме одлучноста на Владата за прифаќање на нашиот предлог. За ЛДП, овој чекор претставува позитивен пример за тоа како добрите предлози и идеи кои се во интерес на граѓаните и државата треба да бидат прифатени и имплементирани од сите релевантни чинители.

Потсетуваме, барањето на ЛДП минатото лето за бележење на сите службени возила во сопственост на државата дојде по излетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој тогаш со колона службени возила отиде на свадба во соседно Косово, без службен налог и задолжителна проверка на граница, по што од страна на Министерството за внатрешни работи беа покренати дисциплински постапки за 6 службеници.

Ова е петти предлог на ЛДП кој Владата само во изминатата година го препозна и прифати. Претходно, државните претставници ги прифатија и почнуваат да ги имплементираат законската можност за граѓански референдум за отповикување на градоначалници; креативното толкување на заклучоците од ЕУ и одложеното дејство на уставните измени, намалувањето и укинување на банкарските провизии и предлогот за поголеми инвестиции во домашното одбранбено производство.

Упатуваме апел до сите државни институции час поскоро да ја завршат постапката за воведување на нови регистарски таблички, која кога ќе се спроведе и реализира, веруваме дека ќе доведе до значително намалување на злоупотребата и поголема совесност на оние функционери кои имаат право на користење на возилата, но и на другите државни и јавни ресурси. Со воведувањето на ваквите мерки за зголемување на транспарентноста во работата на јавните и државни функционери спречуваме нивна злоупотреба на ресурсите за приватни цели на сметка на зголемената доверба на граѓаните и јавноста, преку видливост и отчетност на јавните ресурси, усогласеност на институциите во однос на транспарентноста и рационализацијата на трошоците на јавните средства.

ЛДП

Continue Reading

Претходно: Бислимоски: Ако РКЕ ја определува крајната цена на водните услуги ќе се намалат загубите на вода и ќе се подобрат инвестициите во водоводната инфраструктура
Следно: Челзи е блиску до потпишување на Чави Симонс

Поврзани вести

oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11
282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

Димитар Петковски 11/04/2026 09:08
hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

Шеталиште 11/04/2026 08:59
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 2
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08
Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата artemis-2-e1775897631880-800x450 4
  • Свет

Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата

11/04/2026 09:01
Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg 5
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

11/04/2026 08:59

Можеби сте пропуштиле

261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно Корзо (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15
goriva-1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Шеталиште 11/04/2026 14:42
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани