Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Левица: Државниот пазарен инспекторат дозволил авто-кампот КРАНИ да продолжи да работи без дозвола

Шеталиште 07/07/2025 12:28
Levica

Додека директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски држи празни прес-конференции за наводните контроли на неговата институција, Левица објавува докази како само 2 месеци после трагедијата со Кочани, пазарниот инспекторат при вршење надзор не постапил законски и дозволил авто-кампот КРАНИ да продолжи да работи без дозвола!

Левица претходно објави дека овој автокамп е криминално присвоен од компанијата „Агроплод Ресен” и истиот формално-правно не постои, односно не е категоризиран согласно Законот за автокампови и нема дозвола за работа. Во одговор на Пазарниот инспекторат, наведено е дека на 15 април пазарен инспектор извршил надзор во овој автокамп, при што констатирал дека автокампот Крани не ги исполнува санитарно-здравствените услови, условите за заштита при работа, условите за противпожарна заштита, како и дека истиот не е категоризиран, односно работи без дозвола за работа.

Но, наместо пазарниот инспектор веднаш да го затвори авто-кампот и да иницира постапка против правниот субјект кој незаконски узурпира и стопанисува со државен имот, инспекторот изрекол само опомена со временски период да ги отстрани неправилностите?!

Пазарниот инспектор бил должен да знае дека се работи за авто-камп во сопственост на Репубика Македонија, со кој криминално стопанисува „Агроплод Ресен”, на кој уште во 2004 година и е одземена концесијата за овој авто-камп и оваа компанија нема никаков правен основ за да работи со автокамп Крани, туку истата треба да биде под кривична истрага за узурпација на државен имот.

За овој непобитен факт, Левица објавува уште еден доказ, односно одговор од Државното правобранителство, во кое јасно стои дека предметниот автокамп формално-правно не постои и истиот е во неспорна државна сопственост. Моментално, компанијата „Агроплод Ресен” незаконски и криминално го има издадено автокампот за работа на правното лице „ИМПЕРИУМ-ПЕТ” ДООЕЛ Скопје, каде управител е Александар Петковски. Се работи за сериозен криминал под заштита на институциите, каде годишно незаконскиот управител остварува чист профит и до 160.000 евра.

Левица алармира дека при ваквиот сериозен криминал не е во прашање само финансиската корист која се остварува криминално, туку и незаконското работење без дозвола за работа ни дава сериозна загриженост после трагедијата со дискотеката „Пулс”, каде токму непостапувањето на пазарните инспектори (кои дозволија да работи без лиценца), за жал резултираше со 63 трагично изгубени животи.

Јавно прашуваме – дали власта и премиерот Мицкоски го штитат од кривичен прогон нивниот директор на Државниот пазарен инспекторат за трагедијата со Кочани затоа што Влатко Стојкоски продолжува да не постапува против локални моќници и нивниот криминал?!

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

Continue Reading

Претходно: Алиу: Граѓаните дадоа фантастични идеи, за недела две ќе имаме одговори за нивните забелешки за здравствените установи
Следно: Изминатиот викенд санкционирани 1336 сообраќајни прекршоци, 212 за немање возачка дозвола

Поврзани вести

Screenshot_20251208_122113_Facebook
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот

Димитар Петковски 08/12/2025 11:23
Sv. Kliment
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

Шеталиште 08/12/2025 08:29
Sv. Kliment Ohridski
  • Вести
  • Македонија

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

Шеталиште 08/12/2025 08:27
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот Screenshot_20251208_122113_Facebook 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот

08/12/2025 11:23
Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ Sv. Kliment 2
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

08/12/2025 08:29
Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род Sv. Kliment Ohridski 3
  • Вести
  • Македонија

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

08/12/2025 08:27
КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео) kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006 4
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

06/12/2025 11:07
Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата Screenshot_20251205_195904_Mavex 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

05/12/2025 19:37

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20251208_122113_Facebook
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот

Димитар Петковски 08/12/2025 11:23
Sv. Kliment
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

Шеталиште 08/12/2025 08:29
Sv. Kliment Ohridski
  • Вести
  • Македонија

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

Шеталиште 08/12/2025 08:27
IVONA KOCHOV
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.12.2025)

Шеталиште 06/12/2025 18:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани