Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Левица: Наместо откупна цена лозарите добиле понижување

Шеталиште 15/07/2025 13:19
Levica

Грабеж, манипулации и кршење на законите – тоа денес го добија македонските лозари од државата. Министерот за земјоделство, Трипуновски, лично ги соопшти срамните и понижувачки откупни цени за винските сорти: 21 денар за килограм „вранец“ и 19 денари за „смедеревка“.

Ова не е фер пазарна цена, туку е навреда за илјадници семејства кои со децении живеат од лозарство и вложуваат труд, пари и живот во оваа гранка.

Каде е производната цена?
Кој ја утврдил методологијата?
Зошто Министерството го крши Законот за вино?

Според Законот, Министерството за земјоделство е должно јавно да ја објави производната цена на грозјето, методологијата и институцијата што ги утврдила овие цени. Тоа е законска обврска што важи и за министрите.

Државата не смее да продолжи да биде соучесник во монополското однесување на дел од винарниците кои прават огромни профити додека лозарите се туркани на работ на егзистенција.

Во меѓувреме, последните податоци од Државниот завод за статистика алармираат за постојан пад на производството на грозје. Во 2021 година производството произлегуваше од 89.817 лозови пенушки, а во 2024 падна на 79.314 лозови пенушки.

Овој тренд најсилно ја погодува Тиквешијата – регион кој има природни, климатски и почвени услови за континуиран раст, но денес е спречен да го искористи својот полн потенцијал поради нефункционални политики и ниски откупни цени.
За државата можеби грозјето, за жал, не е „стратешки производ“ во статистичките табели, но за илјадници македонски семејства тоа е прашање на опстанок.

Дополнително, нема оправдување за тоа што државата поставува административни бариери за извоз, иако според ЦЕФТА договорот лозарите мора да имаат слободен пристап до регионалните пазари – каде килограм винско грозје достигнува и до 2 евра.

Левица

Continue Reading

Претходно: ГОЛД СЛОТ – ГОЛД ФЕЛИЦИЈА СЛАВИ 4 ГОДИНИ СО СПЕЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА
Следно: ДУИ: Коридорот 8 го носи нашиот потпис

Поврзани вести

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
98765
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

Димитар Петковски 18/07/2026 06:18
IMG_5301
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

Шеталиште 18/07/2026 05:15
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике 2345644 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

18/07/2026 18:36
Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп FB_IMG_1784358162995 2
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

18/07/2026 07:07
Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија 98765 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

18/07/2026 06:18
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење IMG_5301 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

18/07/2026 05:15
Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска 34567 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Ракомет
  • Спорт

Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска

17/07/2026 12:15

Можеби сте пропуштиле

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
Naslovna18072026
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:37
DSC_2567
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:04
FB_IMG_1784358162995
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

Шеталиште 18/07/2026 07:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани