Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Левица предлага шестчасовно работно време, без намалување на платите

Шеталиште 16/06/2025 11:55
Amar Mecinovikj

Левица предлага во Собранието намалување на работниот ден на шест часа без намалување на платите. Ова е поради тоа што власта не сака да ги зголеми платите. Нашиот предлог е конципиран со внимание, да нема буџетски трошоци. Нема наметнато вештачко темпо и сметаме дека доаѓа природно во ова време, соопшти на денешната прес-конференција пратеникот од Левица Амар Мециновиќ.

Осумчасовниот работен ден, како што рече, е остаток од индустриското време и е стандард за полно работно време кое не одговара на овој свет. – Овој свет кој денес го живееме има зголема продуктивност, благодарение на технологијата. Обврските на работникот се автоматизираат, дигитализираат и напредуваат на начин што тој веќе не е инволвиран како што бил инволвиран во индустриското време, рече Мациновиќ во Собранието. Посочи дека технологијата напредува, а работниот ден на работниците е исполнет со анксиозност, хроничен замор, исцрпеност и немаат, како што рече, вистински простор за одмор и грижа за семејството.

Тој потсети дека Левица предложи закон за зголемување на платите по моделот на синдикатот, но, како што рече, тој не помина. Информира дека нивниот предлог доаѓа од анализа и посочи дека веќе Исланд, Јапонија, Велика Британија, Шведска, Франција, Германија и други имаат воведено помало работно време или експериментираат со модели за помало работно време. Во  регионот, во мај годинава властите на Црна Гора го намалија работното време.

– Сите анализи покажуваат дека резултатите се јасни. Подобра продуктивност, помало отсуство од работа, подобро ментално здравје и зголемена лојалност кон работните обврски на работниците. Ниедна од овие земји не претрпе економски удар, туку напротив многу фирми пријавиај раст, рече Мециновиќ. Додаде дека  очекува поддршка од партиите за нивниот предлог и апелира да се вклучат синдикатите, здруженијата на работниците, здруженијата кои се занимаваат со работничките права и очекува поддршка од партиите.

Одговорајќи на новинарско прашање за трагедијата во Кочани, Мециновиќ рече дека тоа е како прелевање на чашата и рече дека не се задоволни од досегашната истрага. – Властите имаа помалку простор за маневрација што обично би сакале да го имаат во заштита на своите функционери, посебно зошто се случи многу рано во мандатот и тие стравуваа дека ќе има некои политички реперкусии и се придвижи работата. Но, тоа првичното апсење со кое се фалеа Мицкоски, Тошкоски и цело ВМРО-ДПМНЕ во многу случаи се покажа дека е за шоу. Тие функционери кои беа блиски до ВМРО-ДПМНЕ, многу од нив беа пуштени. Се додека ние како опозициски сили и Левица преку своите постапки не створија институционален притисок, ние поднесовме кривична пријава против премиерот Мицкоски за изземање на конкретни луѓе од истрагата и воопшто за попречување на правдата, и тогаш веќе видовме дека сите оние лица кои ние ги набројавме во кривичната постапка тие барем приведени или вклучени во истражните процеси итн., изјави Мециновиќ.

Истрагата, како што рече, беше во насока на криење на оние кои беа блиску до ВМРО-ДПМНЕ, но затоа што контекстот на јавноста беше многу силен во однос на барањата на правдата, се успеа да се створи атмосфера на притисок кон властите, но не сме задоволни. – Очигледно е, еве завршува истрагата, власта ќе ги блокира напорите за надзорна расправа на опозицијата, рече Мециновиќ.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Ректорот на УКЛО Игор Неделковски претседател на академската мрежа УниАдрион
Следно: Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

Поврзани вести

izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола исплати дел од средствата за избирачките одбори

Шеталиште 09/12/2025 11:10
Gordana Dimitrieska Kochoska
  • Вести
  • Економија

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој

Шеталиште 09/12/2025 11:10
petardi
  • Вести
  • Македонија

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците

Шеталиште 09/12/2025 11:08
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Општина Битола исплати дел од средствата за избирачките одбори izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija 1
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола исплати дел од средствата за избирачките одбори

09/12/2025 11:10
Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој Gordana Dimitrieska Kochoska 2
  • Вести
  • Економија

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој

09/12/2025 11:10
МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците petardi 3
  • Вести
  • Македонија

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците

09/12/2025 11:08
Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба

09/12/2025 11:07
Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники blokadi-grcija 5
  • Вести
  • Регион

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники

09/12/2025 11:06

Можеби сте пропуштиле

izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола исплати дел од средствата за избирачките одбори

Шеталиште 09/12/2025 11:10
Gordana Dimitrieska Kochoska
  • Вести
  • Економија

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој

Шеталиште 09/12/2025 11:10
petardi
  • Вести
  • Македонија

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците

Шеталиште 09/12/2025 11:08
Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба

Шеталиште 09/12/2025 11:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани