Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Лепче со паричка на Бадник или на Василица

Шеталиште 06/01/2026 12:51
Lebce so paricka

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености.

Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“

Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, Св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.

За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен.

Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната „василопита“, Св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

(МПЦ-ОА)

Continue Reading

Претходно: Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
Следно: Од пладне до полноќ на Бадник во Битола, Спилеон од картонска кутија – уште една незаборавна традиција

Поврзани вести

723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25
854d08dd-2258-447c-9846-f4c1cd23e648
  • Македонија

Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра

Шеталиште 15/06/2026 09:04
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија 723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

15/06/2026 16:26
Се зголемува цената на горивата gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

15/06/2026 12:16
Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово Bebe 3
  • Прилеп инфо

Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово

15/06/2026 12:14
Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki 4
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

15/06/2026 11:25
Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра 854d08dd-2258-447c-9846-f4c1cd23e648 5
  • Македонија

Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра

15/06/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

Шеталиште 15/06/2026 12:16
Bebe
  • Прилеп инфо

Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово

Шеталиште 15/06/2026 12:14
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани