Лесна и освежителна салата од ориз со туна за топлите летни денови.
Состојки:
- 1 шолја варен ориз
- 2 домати
- 2 свежи пиперки
- 1 морков
- 1 свежа краставица
- 100 грама туна
- маслиново масло
- свеж магдонос
- сол и бибер по вкус
Подготовка:
Сварете го оризот во солена вода, внимавајќи да не се превари. Оставете го да се излади. Исецкајте ги свежите домати и пиперки на коцки. Ситно изрендајте го морковот. Исечете ја краставицата на тенки парчиња, посолете ја малку и оставете ја да отстои неколку минути. Потоа, добро исцедете ја течноста и ситно исецкајте ја краставицата. Во смесата додадете ја исцедената туна од конзерва. Додадете го исецканиот свеж магдонос. Додадете маслиново масло по потреба, сол и бибер, па сè добро измешајте.
Ставете ја салатата во фрижидер убаво да се излади. Пријатно јадење!
Фото: Magnific
Миа

