Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

eko-svest-digitalen-reklamen-baner-ODBRAN-ZA-PRAKANJE
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Лилјаците, „најнеправедно“ третираните животни на Земјата – човекот не смее да ги изгуби во природата

Шеталиште 18/08/2025 13:00
Liljaci

Лилјаците имаат „лош углед“ во западниот свет, па и во нашето поднебје… Застрашувачкиот изглед, митовите, народните преданија, популарната култура, но и негативното медиумско известување довеле до тоа – овие летачки цицачи да бидат поврзувани со вампири, со злото или да бидат „главни обвинети“ за епидемиите ширум светот… Сепак, реалноста е дека бројот на лилјаци во светото се намалува, а целиот екосистем ќе страда ако тие целосно исчезнат.

Инаку, во цел свет има повеќе од 1.400 видови лилјаци – една петтина од познатите видови цицачи во светот. Тие ја користат својата високо развиена ехолокација за да се движат и да ловат плен ноќе, а некои можат да намирисаат работи мали – како прамен коса. Меѓу најзначајните улоги на лилјакот во екосистемот е јадењето штетници. Така, на пр., 30 милиони лилјаци по должината на северната граница на Мексико истребуваат 300 тони инсекти секоја вечер. Покрај тоа, лилјаците што јадат овошје, летајќи на долги растојанија по храна, имаат клучна улога во разнесувањето на семето. Родриго Меделин, виш професор по Eкологија на Универзитетот на Мексико (во Сиудад де Мексико), си зел задача да го промени начинот на којшто луѓето ги гледаат овие животни, преку едукација, истражување и застапување. Фасцинацијата со лилјаците кај него трае уште од негови 13 години, кога првпат држел лилјак в рака.

– Тогаш решив да го посветам мојот живот на проучување и заштита на лилјаците… Пештерите се среќно место. Мирно, темно, тивко и по некој пискот на лилјак. Тука се чувствувам опуштено и сè што правам е да се обидам да го пренесам тоа чувство на луѓето околу мене, вели проф. Меделин за „Си-ен-ен“.

Тој е наградуван за својата работа и е основач на латиноамериканската мрежа за зачувување на лилјаците, наречена „Глобална јужна база“ каде што членуваат и други научници.

Одредени видови можат да живеат повеќе од 30 години. Но, сите лилјаци се размножуваат бавно – обично со по едно младенче годишно. Следствено, бројот тешко се опоравува по опаѓањето.

– Тие се многу мистериозни. Многу луѓе се плашат од нив, ги напаѓаат, или ги презираат. Тие се веројатно најнеправедно третираните животни на Земјата, вели Меделин.

Лилјаците честопати се споредуваат со злото и темнината, особено во Европа – главно поради преданијата со вампирите и натприродното во фолклорот. Тие народни приказни раскажуваат и за ѓаволот, зли духови и вештерки. Во источната култура има поинакви гледишта. Во кинеската традиција, на пр., лилјаците се сметаат за симбол на среќа и успех.

Погледите на лилјаците се влошија за време на корона-пандемијата, кога се појави верувањето дека овој вирус потекна токму од лилјаците.

– Сигурно нема повеќе болести кај лилјаците отколку кај Вашите кучиња или мачки. Тоа е ужасно преувеличено… А пак, обновувањето на шумите во голема мера зависи од лилјаците, истакна Меделин.

Тој вели дека со разнесувањето семки подалеку од дрвјата-домови, лилјацте помагаат во обновувањето на шумите, одржувањето на разновидноста на растенијата и поддршката на животниот циклус во однос на другите организми.

– Натаму, тие се клучни опрашувачи за голем број растенија, вклучувајќи ја и агавата – растение што се користи за производство на текила. Замислете што би се случило ако ги изгубиме лилјаците преку ноќ. Гладните инсекти би ги уништиле посевите, а и бројот на комарци би бил огромен, драстично менувајќи го нашиот начин на живот, предупреди Меделин.

Според своето искуство, секој кој имал каков било допир со лилјаци – го одржува тој контакт и го шири пријателството.

И покрај сите нивни позитивни придонеси, лилјаците се соочуваат со многу предизвици – повеќето предизвикани од човековото делување. Овде спаѓа уништување на живеалиштата, прекумерно користење ветерници, употреба на пестициди и, во последно време – тн. синдром на бел нос (габична болест). Ова се некои од причините зошто лилјаците се загрозен вид.

Фото: МИА архива

Continue Reading

Претходно: Полн грст бадеми штити од оксидативен стрес
Следно: Трагична сообраќајка кај Макази: Загинат маж од Битола, повеќе повредени

Поврзани вести

Naslovna 15.11.2025
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (15.11.2025)

Шеталиште 15/11/2025 16:05
Bir-Tavil
  • Забава
  • Занимливости

„Ничија земја“ – никој не ја сака во своите граници

Шеталиште 13/11/2025 11:24
Brosh-napoleon
  • Забава
  • Занимливости

Брош со дијаманти изгубен од Наполеон – продаден за скоро 3,8 милиони евра

Шеталиште 13/11/2025 11:23
1761041924265735
300-x-250
Untitled design (11)
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Untitled_design_1

Тренд Вести

Марина Крстиќ – нов заменик градоначалник на Општина Битола 1 1
  • Вести
  • Битола инфо

Марина Крстиќ – нов заменик градоначалник на Општина Битола

15/11/2025 09:09
Амбасадорите на Германија и Франција во посета на Општина Битола 3 2
  • Вести
  • Битола инфо

Амбасадорите на Германија и Франција во посета на Општина Битола

15/11/2025 09:07
Заедничка комеморација на француските воени гробишта во Битола 22 3
  • Вести
  • Битола инфо

Заедничка комеморација на француските воени гробишта во Битола

15/11/2025 09:02
Дијабет на работа – обука за вработените во Подружница РЕК Битола photo_2025-11-13_13-35-48 4
  • Вести
  • Битола инфо

Дијабет на работа – обука за вработените во Подружница РЕК Битола

15/11/2025 08:57
Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година поразена од Шведска во Битола (Видео) img_4385-1536x1024 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година поразена од Шведска во Битола (Видео)

13/11/2025 21:13

Можеби сте пропуштиле

Naslovna 15.11.2025
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (15.11.2025)

Шеталиште 15/11/2025 16:05
1
  • Вести
  • Битола инфо

Марина Крстиќ – нов заменик градоначалник на Општина Битола

Шеталиште 15/11/2025 09:09
3
  • Вести
  • Битола инфо

Амбасадорите на Германија и Франција во посета на Општина Битола

Шеталиште 15/11/2025 09:07
22
  • Вести
  • Битола инфо

Заедничка комеморација на француските воени гробишта во Битола

Шеталиште 15/11/2025 09:02

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани