Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Лимани: Младите се во центарот на нашите политики, а инклузијата не е опција, туку потреба

Шеталиште 18/06/2025 13:14
Fatmir Limani

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани заедно со заменик министерот Ѓоко Велковски и претставници на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), ја посетија Националната младинска летна школа за социјална инклузија, која се одржува во Маврово.

Во своето обраќање пред присутните млади, министерот Лимани искажа  задоволство од изразениот интерес на младите за учество на летната школа и благодарност до Амбасадата на Германија во земјава вклучително и ГИЗ за соработката, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.

– Вистинско задоволство е да бидеме пионери во креирањето на платформи за зајакнување на нашата младина.  Ова е прво издание на Националната младинска летна школа за социјална инклузија, иницијатива која го носи силниот печат на нашето Министерство за социјална политика, демографија и млади. Прва Национална младинска летна школа за социјална инклузија – иницијатива која го носи духот на солидарноста, еднаквоста и визијата за поинклузивно општество, истакна Лимани.

Тој посочи дека школата не е само проект, туку симбол на нов почеток. Симбол на партнерство, на заедничка работа и на вистинска посветеност – и од институциите, и од младите.

– Денес испраќаме силна порака – дека младите се во центарот на нашите политики и дека инклузијата не е опција, туку потреба. Во едно здраво и праведно општество, никој не смее да биде оставен зад себе. Затоа сме тука: да ги слушнеме младите, да ги поддржиме, да ги охрабриме да бидат носители на промените што сакаме да ги видиме, порача Лимани.

Тој се осврна на суштината на школата која претставува простор за учење, вмрежување, градење лидерски вештини, но и за развој на чувствителност и одговорност кон другите. Преку предавања, работилници и практични активности, спорт,  младите  имаат можност да ги развијат своите потенцијали и да станат гласници на социјалната правда во своите заедници.

– Како Министерство, остануваме посветени на креирање на инклузивни младински политики, заштита на ранливите групи и зајакнување на гласот на младите. Ова е само почеток – и верувам дека заедно, со поддршка од партнерите, ќе изградиме трајни решенија кои ќе ја направат нашата држава похумана, поправедна и поеднаква за сите, рече Лимани.

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Continue Reading

Претходно: Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра
Следно: Амбасадорката на Литванија Вилма Дамбраускиене во посета на Општина Битола

Поврзани вести

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања Screenshot_20260813_070838_Chrome 1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

13/08/2026 05:10
Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови” IMG_5824 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

12/08/2026 19:10
Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре IMG_5820 3
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

12/08/2026 13:01
54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026 FB_IMG_1786534700001 4
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

12/08/2026 11:40
The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат FB_IMG_1786533114028 5
  • Прилеп инфо

The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

12/08/2026 11:20

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
FB_IMG_1786534700001
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Димитар Петковски 12/08/2026 11:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани