Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Лимани: Отвораме инклузивен процес за развој на Национална стратегија за демографска отпорност

Шеталиште 04/07/2025 13:19
Fatmir Limani

Министерството за социјална политика, демографија и млади организираше настан насловен: „Демографски трендови,  предизвици и можни решенија“-Развој на стратешки документи за демографска  отпорност, со кој го отвори инклузивниот процес за справување со негативните демографски трендови.

Министерството, со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации УНФПА и експертот Хозе Мигел Гузман, започнува интензивен процес на креирање на Стратегија за демографски развој и отпорност, која ќе биде целосно усогласена со Националната развојна стратегија 2024–2044, како и со Рамката за соработка со Обединетите нации 2026–2030.

Во развојот на Националната стратегија за демографска отпорност  се вклучени сите општествени чинители.

Настанот го отвори Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, проф.д-р Христијан Мицкоски.

„Денес ќе зборуваме за една поинаква криза. За една тивка, долготрајна, системска и глобална криза – демографската рецесија. Ова не е проблем само на Македонија. Ова е предизвик на целата Европа, па и пошироко. Но, нашата состојба е посебна. Затоа што додека некои држави ја забележуваат оваа појава како тренд, кај нас таа е аларм”, рече претседателот Мицкоски.

Изнесувајќи ги статистичките податоци, Мицкоски потенцираше дека: „Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири” и притоа истакна дека оваа Влада не го премолчува проблемот. Го именува. Го признава. И се бори со него.

„Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме–е со цел да ја вратиме вербата“, рече Претседателот на Влада, Мицкоски.

Министерот Лимани посочи дека ова  прашање е од суштинско значење за иднината на нашето општество, земајќи предвид дека Република Северна Македонија се соочува со сериозен демографски предизвик – намалување на населението, стареење на нацијата, иселување на младите, и нерамномерна територијална распределба.

„Нашите заложби се во целосна функција на: економското заживување на земјата и стимулирање на одржлив раст, поттикнување на повратните миграции, поддршка и заштита на семејствата, унапредување на системот за заштита на децата и ублажување на негативните демографски трендови преку кохезивен пристап кој ја вклучува и инфраструктурата, пристапноста до услуги, дигитализацијата и регионалниот развој,“ истакна Лимани.

Националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси на Владата на Република Северна Македонија, Владимир Ѓорчев истакна дека демографијата е една од најважните област за иднината на секоја земја. Македонија мора да води грижа за демографскиот развој затоа што оваа тема е меѓу клучните прашања за иднината. Најважни се човечките ресурси,“ истакна Ѓорчев.

Габриел Гуалано Де Годој, вршител на должноста Постојан координатор на ООН во Северна Македонија посочи дека демографските трендови, како еден од петте мега трендови што го обликуваат нашиот свет, бараат стратешко и храбро лидерство.

„Посветеноста на Владата да ја постави демографијата високо на својата агенда е за пофалба, исто како и нејзиното силно партнерство со УНФПА и поширокиот систем на Обединетите нации“, истакна Габриел Гуалано де Годој.

Шефицата на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља, зборуваше за улогата на УНФПА .

„Улогата на УНФПА во ефектите од демографските промени е во оспособување на поединците и општествата да напредуваат во услови на овие промени – преку искористување на потенцијалот на секој поединец и со тоа градење на демографска отпорност”, вели Шаља.

„Сите решенија за демографските предизвици се сведуваат на едно – луѓето да веруваат дека нивната иднина и иднината на Северна Македонија се неразделни, дека останувањето, работењето, создавањето семејство и достоинственото стареење овде значи подобар живот за поединецот и за заедницата”, рече Хозе Мигуел Гузман, меѓународен експерт за демографија и популациски политики, ангажиран од УНФПА.

На настанот клучни пораки изнесоа и министрите Дурмиши, Јаневска, Перински, замениците министри Андоновски и Димитровски и претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски.

Учество во дискусија земаа дел од присутните претставници на Собранието, синдикатите, коморите, академската фела, граѓанскиот и бизнис секторот.

Министерство за социјална политика, демографија и млади 

Continue Reading

Претходно: Николовски: Власта крати 478 милиони денари од поддршката за земјоделците со ребалансот на Буџетот
Следно: Во Битола се чисти коритото на реката Драгор

Поврзани вести

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани