Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Лицата со ниски примања може да аплицираат за субвенции за набавка на инвертери и за помош од 1.000 денари за сметки за струја

Шеталиште 12/08/2025 10:41
klima-2-750x406-1

Од денеска, ранливите групи можат да аплицираат за добивање субвенции за набавка на инвертери и за помош од 1.000 денари за сметките за струја на огласот на Министерството за енергетика. Премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека за ова се издвоени 170 милиони денари (околу 2,75 милиони евра).

За субвенции за клима-инвертери може да аплицираат домаќинства со ниски приходи, чиј вкупен нето месечен доход во 2024 година не надминувал 25.000 денари за едночлено домаќинство, 31.000 денари за домаќинство со два члена, 37.000 денари за домаќинство со три члена и 43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена. Домаќинства во кои единствен приход е пензија, да не надминува 15.700 денари за едночлено домаќинство, 19.800 денари за домаќинство со два члена и 23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена. Граѓаните нема да добиваат ваучер за сами да го купат инвертерот, туку Министевството за енергетика ќе распише тендер и ќе ги набави па после ќе ги дели на корисниците.

Правото на инвертер клима-уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима-уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.

За финансиска поддршка за потрошена електрична енергија можат да аплицираат лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, со целосно слепо лице и со целосно глуво лице.

За доделување инвертер клима-уред треба да се поднесе пополнетo барањe, изјава заверена на нотар, фотокопија од лична карта на барателот, фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството, за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница и фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2025 година.

За доделување финансиска поддршка за потрошена електрична енергија треба да се поднесе пополнето барање (обрасци 1, 2, 3 и 4), изјава за веродостојност на податоците, заверена на нотар, фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток, фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година и фотокопија од лична карта на барателот и фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството – за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница.

За доделување инвертер клима-уред рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до 5 октомври 2025. За финансиска поддршка за потрошена електрична енергија рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до крајот на август 2025.

Обрасците и изјавата се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот јавни огласи. Документацијата се доставува по пошта или лично на адреса улица Македонија бр. 27, 1000 Скопје.

Continue Reading

Претходно: Денес се празнуваат светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник
Следно: Онколошка амбулантска терапија наскоро во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Поврзани вести

Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

Шеталиште 16/04/2026 07:09
dozd-soobrakaj_1000_625-1
  • Македонија

Денеска врнежи од дожд и грмежи – викендот подгответе се за топли денови

Шеталиште 16/04/2026 07:08
Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Македонија

Иран размислува да дозволи бродовите да пловат низ оманската страна на Ормускиот теснец без ризик од напад

Шеталиште 16/04/2026 06:23
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали dsc_0759-1536x1108 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

16/04/2026 07:12
Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули Zgrada-na-Sobranieto 2
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

16/04/2026 07:09
Денеска врнежи од дожд и грмежи – викендот подгответе се за топли денови dozd-soobrakaj_1000_625-1 3
  • Македонија

Денеска врнежи од дожд и грмежи – викендот подгответе се за топли денови

16/04/2026 07:08
Златото денес се тргува по 131 евро за грам 2430029_zlato-nemecko-usa-stahovani-evropa-1 4
  • Економија

Златото денес се тргува по 131 евро за грам

16/04/2026 06:37
Иран размислува да дозволи бродовите да пловат низ оманската страна на Ормускиот теснец без ризик од напад Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04 5
  • Македонија

Иран размислува да дозволи бродовите да пловат низ оманската страна на Ормускиот теснец без ризик од напад

16/04/2026 06:23

Можеби сте пропуштиле

naslovna900_x_600
  • Промо

Помеѓу финансии и човечност – гест што значи повеќе од бројка

Шеталиште 16/04/2026 07:17
dsc_0759-1536x1108
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

Димитар Петковски 16/04/2026 07:12
Zgrada-na-Sobranieto
  • Македонија

Собранието одлучува дали кризната состојба со нафта ќе трае до 20 јули

Шеталиште 16/04/2026 07:09
dozd-soobrakaj_1000_625-1
  • Македонија

Денеска врнежи од дожд и грмежи – викендот подгответе се за топли денови

Шеталиште 16/04/2026 07:08

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани