
МВР информира дека вчера во 11.15 часот на ул.„Битолска” во Демир Хисар е лишен од слобода З. Б.(39) од село Свето Тодори зашто под дејство на алкохол управувал патничко возило. По преземени мерки е констатирано дека имал 1,61 промил алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава.