Ракометарите на второлигашот Елбфлоренц го елиминираа бундеслигашот Хамбург ,по две продолженија во кој натпревар паднаа неверојатни 93 голови.
Екипата на Хамбург загуби во Дресден од Елбфлоренц во Германскиот ДХБ Куп и доживеа непријатно изненадување , играчот Тимо Лезер се појави како херој со гол во последната секунда од мечот додека севкупно имаше 11 погодоци.
Северните германци (екипата на Хамбург) го загубија својот тежок и долг натпревар во второто коло против второлигашот екипа по периоди : (40:40, 35:35, 16:15).
Натпреварот стана возбудлив откако домаќините заслужено израмнија на 35:35 во регуларното време, продолжи мечот во две продолженија.
Во второто продолжение, Хамбург израмни од 44:46 на 46:46.
„Никогаш во мојата кариера не сум доживеал ваков натпревар“, рече стрелецот на победничкиот гол Тимо Лезер по натпреварот на стриминг сервисот Дун.
„Едноставно неверојатно беше, енергијата што ја покажавме од првата минута.“
Домаќинот екипата на Елбфлоренц , седми во втората Бундеслига, одигра храбро од самиот почеток.
Хамбург успеа да поведе со два гола само во 18-тата минута. Николај Јергенсен реализираше пенал за резултат 12-10.
Тренерот на Хамбург, Торстен Јансен, беше особено незадоволен од одбраната на своите играчи за време на тајмаутот.
ХК Елбфлоренц – ХСВ Хамбург 47:46 (40:40, 35:35, 16:15)
ХК Елбфлоренц:
Малвиц (9 одбрани), Кантегрел (2 одбрани); Бенш, Вучерпфениг 3 Норберг 5 , Дирберг (2), Пеливан 3, Прејснер, Акташ, Ставаст 5, Грес 4, Стојке, Дутшке 3, Тимлер 3, Лесер 11, Зајдлер 8.
ХСВ Хамбург:
Ел Тајар (10/2 одбрани), Хауг (2 одбрани); Магард 4, Норлик, Кофлер, Ласен 12, Јоргенсен 9/3, Велер, Геенен, Бота, Леверман, Андерсен 12/3, Олафсон, Саутер 7, Мортенсен 2
Гледачи: 1.723 (БалспортАрена, Дрезден)
Судии: Хелбуш / Јансен
Казна минути: 6/10.

