Тимот на тренерот Бенет Вигерт продолжува со својата серија без пораз во Бундеслигата и во сенка го најавија дуелот од 6. коло против битолчани в четврток каде имаа 5 од 5 од досегашните мечеви во Лигата на Шампиони за екипата од регионот, Саксонија-Анхалт.

Интересно е да се напомени дека веќе задутре, Магдебург имаат дуел во Купот на Германија (1/16) против несудениот тим на сега веќе екс играчот на Десау, Т.Јагуриновски и во континуитет играат секој втор или трет ден натпревар.

Тимот на екс тренерот на битолчани сегашен тренер на СК ДХфК Лајпциг, Раул Алонсо има неславен рекорд во Бундеслигата откако по дуелот против европскиот шампион е последен на табелата со само еден нерешен дуел од девет натпревари и осум порази за Саксонците.