Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Магија на 2.218 метри надморска височина на Пелистер, изведена претставата „Ноќта кога ја убив месечината“

Шеталиште 10/08/2025 12:46
IMG_6588

Претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ на НУ Народен театар – Битола својата 26-та изведба ја доживеа синоќа на полна месечина на Големо Езеро (2.218 метри надморска височина), Пелистер.

Совршениот спој на вечноста отсликана низ отсјајот на полната месечина на површината на езерото и моќната енергија на актерите инспирирани од мирот и спокојот на природната сцена, надополнети со желбата на публиката да се доживее едно ново патување низ реалноста на секојдневието, ја направија оваа изведба многу повеќе од обична театарска уметност.

Убавините на природната сцена на моменти делуваа и помалку нереално, а присутните ја проследија театарската претстава во неверување дека и тие се дел од еден магичен миг на вечноста.

Настанот беше организиран од јавната установа Национален парк „Пелистер“, со учество на Битолскиот камерен оркестар и со поддршка на Општина Битола.

„Голема благодарност до ТППЕ Битола и до сите кои помогнаа овој настан успешно да се реализира“, истакнаа организаторите.

Драмската претстава е во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во истата заедно со актерот Александар Копања.

Музиката за претставата беше во живо во изведба на членови од Битолскиот камерен оркестар.

Претставата отвора суштински теми за човековата егзистенција, осаменоста, слободата, маските што ги носиме и загубените вредности во современото општество.

Тоа е психолошка и филозофска драма која патува од интимно до општествено, од реалност до апсурд.

IMG_6581
IMG_6543
IMG_6585
IMG_6589

Continue Reading

Претходно: Саботно „корзо“ на битолчани (09.08.2025)
Следно: Началникот ќе биде разрешен, МВР констатира непрофесионално однесување во Демир Хисар

Поврзани вести

povik
  • Настани

Во Прилеп изведба на „Повик“ – претстава за предизвиците на современиот уметник

Шеталиште 08/07/2026 13:21
att.-bs8mVEiFuVM4RCH-F6DOHD0r57TVBq4biujKbgWYWA
  • Култура
  • Настани

Се е подготвено за јубилејното издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“

Шеталиште 02/07/2026 14:35
att.riiW-6W9aPJ_FsK8JAvAlErAqCnjlnHqrTm1egi7iaA-819x1024-1
  • Настани

Вечерва на „Битола Отворен Град“: Суперхикс го одбележуваат концертот број 300

Шеталиште 26/06/2026 08:32
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Квалификации за ЛШ: Вардар во финска мисија, домаќинот Купс нуди “стриминг” за пет евра! 2345678 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Квалификации за ЛШ: Вардар во финска мисија, домаќинот Купс нуди “стриминг” за пет евра!

13/07/2026 18:53
Нов пад на Биткоин по новите тензии во Хормуз za-plakjanje-so-bitkoin-vo-makedonija-se-odi-vo-zatvor-do-pet-godini-182839-1 2
  • Економија

Нов пад на Биткоин по новите тензии во Хормуз

13/07/2026 11:16
Цената на нафтата достигна речиси 79 долари за барел, по обновувањето на нападите меѓу САД и Иран 1280px-oil_platform_p-51_brazil-800x450.jpg 3
  • Економија

Цената на нафтата достигна речиси 79 долари за барел, по обновувањето на нападите меѓу САД и Иран

13/07/2026 11:09
УЈП: Над 208 илјади граѓани имаат доплата, а 313 илјади имаат повеќе платен данок ujp-povik-1 4
  • Македонија

УЈП: Над 208 илјади граѓани имаат доплата, а 313 илјади имаат повеќе платен данок

13/07/2026 11:07
Од ноќеска дизелот поскапува за 5,5 денари, поскапува и бензинот nis_piu_motorno_gorivo1-1 5
  • Економија

Од ноќеска дизелот поскапува за 5,5 денари, поскапува и бензинот

13/07/2026 11:02

Можеби сте пропуштиле

2345678
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Квалификации за ЛШ: Вардар во финска мисија, домаќинот Купс нуди “стриминг” за пет евра!

Димитар Петковски 13/07/2026 18:53
za-plakjanje-so-bitkoin-vo-makedonija-se-odi-vo-zatvor-do-pet-godini-182839-1
  • Економија

Нов пад на Биткоин по новите тензии во Хормуз

Шеталиште 13/07/2026 11:16
1280px-oil_platform_p-51_brazil-800x450.jpg
  • Економија

Цената на нафтата достигна речиси 79 долари за барел, по обновувањето на нападите меѓу САД и Иран

Шеталиште 13/07/2026 11:09
ujp-povik-1
  • Македонија

УЈП: Над 208 илјади граѓани имаат доплата, а 313 илјади имаат повеќе платен данок

Шеталиште 13/07/2026 11:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани