НАЈНОВО

ВестиСвет

Мадона на турнеја слави 40 години од својата кариера

Американската поп-пејачка Мадона ја најави „Славеничката турнеја – четири децении“, која ќе опфати 35 града во САД и во Европа ова лето и есен.

– Возбудена сум што ќе истражувам што е можно повеќе песни со надеж дека на моите обожаватели ќе им го дадам настапот што го очекуваат – изјави Мадона.
Пејачката, чие вистинско име е Мадона Луиз Чиконе, ја започна својата кариера со албумот „Мадона“ (1983), во кој беа вклучени песните „Everybody“ и „Burning Up“, а е светски позната по хитовите „La Isla Bonita“, „Like a Virgin“, „Hung Up“, „Like a Prayer“, „Papa Don’t Preach“, „Material Girl“ и други.
Во соопштението се наведува дека турнејата ќе ги одведе посетителите низ 40-годишното уметничко патување на Мадона и ќе му се оддаде почит на Њујорк, каде што започна нејзината кариера.

Турнејата продуцирана од „Лајв нејшн“ започнува на 15 јули од Ванкувер, продолжува во Детроит, Чикаго, Њујорк, Мајами и Лос Анџелес, во Европа во Лондон, Барселона, Париз, Стокхолм и други градови, а ќе заврши на 1 декември во Амстердам, со специјални гости на турнејата како Боб Драг Квин и Калдвел Тидиус.

Поврзани новости