Маж од Битола пријавен за исчезнат најден од полицијата на патот за село Нижеполе

0
Споделивања

Седумдесет и шестгодишна жена од Битола пријавила дека исчезнал нејзиниот сопруг, 78-годишен маж со здравствени проблеми. Пријавата до полицијата стасала вчера околу 21 часот, а според неа тој во 13 часот излегол од дома и не се вратил.

„Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23:45 часот, на патот Битола – Пелистер, поконкретно на патот за село Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во домот“, информираат од МВР.

0
Споделивања
Exit mobile version