Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија
  • Вести

„Македониумот“ ќе го реконструираме и ќе му ја вратиме заслужената слава, најави Митева

Шеталиште 10/09/2025 13:08
Marija Miteva

Споменикот „Македониум“ во Крушево нема да биде оставен да пропаѓа, ќе го реконструираме, ќе го сочуваме и ќе му ја вратиме заслужената слава, најави денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.

Таа соопшти дека е обезбеден проект за интервентна заштита за  споменикот во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс. Тој проект ќе биде финализиран до средината на следната година, по што Министерството за туризам и култура ќе ја утврди динамиката и планот за финансирањето и целосната реконструкција. Дел од експертизата ќе биде од странство.

Митева оцени дека сегашната состојба на овој споменик не е резултат на негрижа од актуелната Влада, туку на долгогодишно одлагање и непостапување во изминатите години.

– Реконструкцијата на споменикот Македониумот почна пред повеќе години и требаше да заврши во 2017 година. Со симнувањето на скелето во таа година процесот беше насилно прекинат  оставен без потребна заштита. Од тогаш до денес, цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита што остави длабоки последици на овој значаен културен споменик, рече Митева.

Истакна дека свесни за културната и националната важност на „Македониумот“ нема да бараат оправдувања и оти ќе ја исправат состојбата со конкретни и одговорни чекори.

– „Македониумот“ е уникатен архитектонски и уметнички објкет, создаден  со бетон, витражи и специфични материјали што бараат врвна стручност, поради што, дел од експертизата ќе биде од странство,  како што рече за да гарантираме дека ова културно наследство ќе биде трајно заштитено. Македониумот нема да биде оставен да пропаѓа, ќе го реконструираме, ќе го сочуваме и ќе му ја вратиме заслужената слава. Овој споменик не само културна вредност, туку е дел од нашата национална меморија, идентитет и како таков ќе биде пренесен на идните генерации, рече Митева.

фото: МИА архива и принт скрин Влада 

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Пратениците нека појдат и во АНБ и во АР, нема што да зборувам повеќе
Следно: Концерт на Дорис Драговиќ и Петар Грашо на 14 март во Скопје

Поврзани вести

d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
img_7945-1536x1152
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

Димитар Петковски 05/09/2026 06:36
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 3
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56
60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја

04/09/2026 09:43

Можеби сте пропуштиле

12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани