Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија бара реакција против Шкотска: „Нашата сила е колективот“

Димитар Петковски 02/10/2026 10:52
pres-skotska-2-1536x1130

Македонската репрезентација во сабота ја очекува нов предизвик во Лигата на нациите на УЕФА. По двата порази од Швајцарија и Словенија, избраниците на Гоце Седлоски на домашен терен ја пречекуваат Шкотска, во натпревар во кој желбата за позитивна реакција ќе биде еден од главните мотиви на националниот тим.

На прес-конференцијата пред натпреварот, селекторот Седлоски уште еднаш го потврди својот став дека репрезентацијата се наоѓа во процес на подмладување и дека за тој процес е потребно време.

„Ја подмладивме репрезентацијата и уште ќе подмладувам. Критиките нека одат кај мене. По договор со федерацијата, ќе продолжам со процесот на создавање нови играчи. Сакаме да создадеме нова репрезентација и на тој процес останувам до крај. За тоа треба време, не може сe да дојде преку ноќ“, истакна Седлоски.

Селекторот нагласи дека настапот во Лигата Б носи поинакви предизвици и дека Македонија мора да се адаптира на квалитетот на противниците, но истовремено да не отстапува од сопствениот начин на игра.

„Кога доаѓав знаев каде влегувам и со какви репрезентации ќе играме. Работам, гледам, следам и знам што правам. Сакам овие момци да бидат задоволни и да ја направат Македонија среќна. На мечот со Словенија, особено во првото полувреме, видовме работи од кои можам да бидам задоволен и сакам да продолжиме во тој ритам, без да се браниме“, додаде селекторот.

За Шкотска, Седлоски очекува физички силен противник, кој често ја користи играта со долги топки и директни напади.

„Шкотска е репрезентација која игра со долги топки и многу топки во шеснаесетникот. Не смееме да ја прифатиме нивната игра, туку мора да ја неутрализираме со наша реакција. Имаат играчи од Премиер лигата, Чемпионшип и Италија. Спремни сме да излеземе на терен, да покажеме карактер и да одиграме како што знаеме“, порача Седлоски.

Слична порака испрати и Бојан Миовски. Напаѓачот на Глазгов Ренџерс смета дека Македонија мора да покаже заедништво и преку колективната игра да дојде до посакуваниот резултат.

„Секој период во репрезентацијата носи свои предизвици. Сега сме во момент кога треба да покажеме заедништво. Немавме резултати какви што очекувавме, но сега треба да покажеме дека сме тим. Можеме многу да зборуваме, но сe треба да покажеме на терен“, вели Миовски.

Македонскиот напаѓач има голем респект кон Шкотска, но верува дека домашниот терен и колективниот пристап можат да бидат важен фактор.

„Шкотска е одлична репрезентација, имаат квалитетни играчи и знаеме каде настапуваат. Ние играме дома и мора да покажеме квалитет. Не можеме да се потпреме на индивидуален квалитет. Ако бидеме колектив, ќе се вратат и резултатите“, порача Миовски.

Во истиот дух говореше и Јани Атанасов, кој ја потенцираше атмосферата во соблекувалната и посветеноста на репрезентативците и покрај двата порази.

„Секако дека има незадоволство по два порази, но откако сум дел од националниот тим не се сеќавам да било лошо и некој од играчите да не се залагал. Атмосферата меѓу нас е одлична и се надеваме на позитивен резултат. Нашата сила е колективот“, истакна Атанасов.

Македонија и Шкотска ќе се соочат во сабота од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Главен судија на натпреварот ќе биде Франсоа Летексје од Франција.

Continue Reading

Претходно: Боледување до пет дена без дополнителен наод: ФЗОМ подготвува нови правила
Следно: Есенски денови и нови можности со Минт Кредит

Поврзани вести

Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 4
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 5
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани