Женската кадетска репрезентација на Македонија одигра одличен турнир на Светското училишно првенство што се одржа во Скопје и избори пласман во големото финале.
Во финалниот натпревар, нашите ракометарки беа поразени од селекцијата на Хрватска со резултат 28:26, по голема борба и неизвесност до самиот крај. Со својата игра, пожртвуваност и тимски дух, девојките достојно ја претставија Македонија.


