Ракометната репрезентација на Македонија на полувремето во салата „Жатика“ во Пореч, губи со (14:11) од домаќинот Хрватска.
Нашите репрезентативци добро го почнаа мечот со одбраните на голманот Никола Митревски и головите на: Кузмановски и Митев водевме до 13-тата минута со 6:5. Потоа следуваше мал пресврт се разигруваат избраниците на Сигурдсон па со головите на Павловиќ, Главаш но и со одбраните на голманот Дино Славиќ кој во серија фати 3 пенали, најпрво во нашиот состав промашија седмерец, Никола Костески а потоа и Филип Кузмановски. Потоа серијата промашени и технички грешки се надоврзаа и Јагуриновски и Серафимов кој во првиот дел не успеа да го совлада одличниот Славиќ кој во повиканите на селекторот на Хрватска, за Еврпското првенство во Данска, Норвешка и Шведска е дури четврт голман.
Шанса од стартот доби младиот Самоил Ристевски на линијата од 6 метри кој подоцна ротираше со Пешевски како и голманот Галевски во обид да сопри еден пенал од противникот, кој го изведуваше Главаш. Токиќ зголемува на 12:8 , повторно технички грешки од наша страна грешеа покрај Серафимов грешеше и Ѓоргиев , а промаши од крило и Џонов.
Селекторот Кирил Лазаров со тајмаут веднаш по неговиот колега од спортивниот тим проба да ја стабилиза и добие пониска разлика пред полувремето. Фати неколку топки Митревски, од 7м погоди два пати Кузмановски.
Дуелот во Пореч сепак против светскиот вицепрвак на полувремето гласи на семафорот (14:11) со 6 погодоци како најдобар стрелец Филип Кузмановски како и Никола Митревски со 5 одбрани, но шоуто сепак е за Дино Славиќ на спортивниот гол. Кај Хрватите најпрецизни беа: Павловиќ, Швржњак и Галаваш со по 3 голови.

