Капитенот на Македонија, Енис Барди пред почетокот на вечерашниот натпревар од 3. коло од Лигата на нации, Б-дивизија, му подари дрес со бројот 100 на капитенот на Шкотска, Енди Робертсон.

Робертсон, вечерва по 100-ти пат го носи дресот на својата земја. Шкотите вечерва имаат подршка од над 2000 навивачи на стадионот Тодор Проески во Скопје и на полувремето Македонија губи со 1-0 од Шкотска.

