Македонија добива нов скијачки центар Михајлово

0
Споделивања

Македонија добива нов скијачки центар – од 1 јануари љубителите на скијањето ќе може да уживаат на Михајлово.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на социјалните мрежи соопшти дека подготовките за пуштање во употреба на новиот ски – центар Михајлово се во завршна фаза и официјалното отворање ќе биде на 1 јануари.

Последни подготовки пред официјалното отворање на Скијачкиот центар ,,Михајлово’’

Покрај природниот снег кој изминативе денови го покри Михајлово и сеуште паѓа, се подготвува и дополнителен вештачки снег со топови.

0
Споделивања
Exit mobile version