Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Македонија одбележува 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Шеталиште 04/02/2026 07:35
image-245721

Во Македонија денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, предводена од потпретседателка на Парламентот Весна Бендевска и пратениците Сергеј Попов, Даниела Белимова и Сања Лукаревска, делегација од Град Скопје, како и делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија…

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава.  Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Continue Reading

Претходно: Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Следно: Денеска се празнува Светиот апостол Тимотеј – постојан сопатник на апостолот Павле со кого дојде и во Македонија

Поврзани вести

dozd-1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

Шеталиште 17/02/2026 07:13
pat_sneg_1000x666-1
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Шеталиште 17/02/2026 07:09
bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 2
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 3
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22
СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини SEMM 4
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

16/02/2026 15:21
ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието VMRO-DPMNE 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

16/02/2026 15:19

Можеби сте пропуштиле

dozd-1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

Шеталиште 17/02/2026 07:13
pat_sneg_1000x666-1
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Шеталиште 17/02/2026 07:09
bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани