Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
img_4013-1536x1135

Фудбалската репрезентација на Македонија со уште еден пораз ја заврши октомвриската серија во Лигата на нации. Нашата репрезентација загуби со 3-0 од Швајцарија во Луцерн и остана без бодови по четирите одиграни натпревари во овој циклус. Резултатот можеби е превисок ако се земе предвид текот на натпреварот, но Швајцарците беа максимално ефикасни во казнувањето на македонските грешки. Ридер, Манзамби и Ндоје погодија за домашниот тим, кој не блескаше, но знаеше како да го искористи секој наш пропуст.

Македонија добро го отвори натпреварот и не изгледаше инфериорно против фаворитот. Првата закана дојде од Швајцарија во десеттата минута, кога Ндоје шутираше од работ на шеснаесетникот, но Димитриевски сигурно одбрани.

Нашиот тим возврати во 20. минута. Андреј Стојчевски се најде во добра позиција и шутираше со глава, но топката заврши над голот на Мвого.
Швајцарија повторно се закани преку Сиеро во 28. минута, но неговиот удар од далечина не ја погоди целта. Две минути подоцна Ридер имаше идеална можност за погодок, но Димитриевски го спречи.

Кога Македонија го држеше ритамот и изгледаше дека може да замине на пауза со позитивен резултат, следеше кобната 43. минута.

Алиоски ја врати топката кон Муслиу, но нашата одбрана не реагираше навреме. Ридер го искористи подарокот, ја одзеде топката и со сигурен удар го совлада Димитриевски за 1-0.

Јакин веднаш реагираше на почетокот на второто полувреме и ги внесе Манзамби и Јашари. Со свежината во тимот, Швајцарија доби поголема контрола, а Македонија сè потешко доаѓаше до противничкиот гол.

Во 50. минута Елведи се закани, но Димитриевски одбрани. Пет минути подоцна Јашари имаше можност да го проигра Амдуни, но акцијата пропадна поради лошото додавање.
Седлоски се обиде да промени нешто по еден час игра со влегувањето на Гаштаров и Омерагиќ. Сепак, Македонија не успеа да се врати во натпреварот.

Во 74. минута стигна вториот гол. Манзамби се одлучи на удар од околу 25 метри, а Димитриевски не успеа добро да интервенира. Топката заврши во мрежата за 2-0.

Конечниот резултат беше поставен во 81. минута. Гаштаров направи непотребна грешка пред нашиот шеснаесетник и ја загуби топката, а Ндоје немилосрдно казни за 3-0.

Во Луцерн повторно се покажа дека против вакви противници и најмалите грешки можат да бидат прескапи.

ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3-0 (1-0)

Термоплан Арена, Луцерн. Гледачи: 15.730. Судија: Едгарс Мајцевс (Летонија). Стрелци: Ридер 43’, Манзамби 74’, Ндоје 81’ (Швајцарија). Ж. Картони: Елези (Македонија)
ШВАЈЦАРИЈА: Мвого, Бричги, Елведи, Аканџи, Родригез (70’ Атекаме), Фројлер, Сиеро (46’ Јашари), Соу (46’ Манзамби), Ридер, Амдуни (70’ Ботели), Ндоје (86’ Санчес).
Селектор: Мурат Јакин

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Стојчевски, Муслиу, Зајков, Алиоски, Елези (70’ Костадинов), Барди (82’ Станковски), Елмас, Дориев (59’ Гаштаров), Митровски (82’ Миовски), Растодер (59’ Омерагиќ).
Селектор: Гоце Седлоски

Continue Reading

Претходно: Муслиу: Не смее само противникот да се прашува
Следно: Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Поврзани вести

Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39
petka-696x703
  • Македонија

Утре се празнува Светата маченичка Параскева (Петка) – ја жртвувала удобноста за да им помага на сиромашните

Шеталиште 09/11/2026 11:07
kapinkovski-naslov-2-1536x1095
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У19: Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери, за вториот квалификациски круг за ЕП 2027

Димитар Петковски 09/11/2026 10:49
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани