Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

СП 2026: Македонија „ремиза“ со Казахстан, нов лидер е Белгија 

Димитар Петковски 13/10/2025 23:04
ace

Фудбалска репрезентација на Македонија вечерва во рамките од 8.коло одигра само 1:1 со Казахстан во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.

Избраните на Благоја Милевски имаа неколку шанси во првиот дел, но не успеаја да ја погодат мрежата на противникот. Во 54. минута Казахстан неочекувано дојде во водство со голот на Караман, а во 74. минута Енис Барди израмни со прекрасно изведен слободен удар.

Во 19. минута, гостите ја имаа првата сериозна можност. Една нафрлена топка од левата страна се одби над Столе Димитриевски, а напаѓачот Чесноков со глава шутираше над гредата.

Три минути подоцна Кенжебек се закани со удар од далечина, но директно во добро поставениот Столе Димитриевски.

Во 24. минута, прва убава шанса за Македонија. Алиоски нафрли од левата страна, Милан Ристовски шутираше со глава, но Сејсен одбрани.

 

Најсериозна можност за Македонија во првиот дел се случи во 34. минута. Бојан Илиевски нафрли од десната страна, Милан Ристовски зафати волеј, но голманот на Казахстан одбрани и исфрли во корнер. По корнерот, повторно Милан Ристовски со глава се закани, но Сејсен успеа да одбрани.

Македонија го започна вториот дел со нагласена офанзива. Селекторот Благоја Милевски во игра ги вклучи Костадинов и Чурлинов, повлекувајќи ги Велковски и Миовски.

Во 52. минута, одличен центаршут од Бојан Илиевски до Милан Ристовски, кој со волеј шутираше, но голманот Сејсен повторно се испречи.

На спротивната страна дојде казната – Казахстан дојде до водство во 54. минута.

Динмухамед Караман искористи мешаница во шеснаесетникот и со удар со ножички од блиску ја затресе мрежата на Столе Димитриевски.

Шест минути подоцна Македонија имаше шанса за израмнување. Барди беше проигран на десната страна, ја нафрли топката во петерецот, но Тихо Костадинов не успеа да реализира од изгледна позиција.

Тоа што не успеа Костадинов, го стори капитенот Енис Барди. Во 74. минута беше досуден слободен удар на 30 метри од голот на Казахстан, Барди ја намести топката и испрати проектил во горниот агол, а Сејсен беше немоќен.

Во 84. минута, Македонија имаше шанса за пресврт. Елмас го проигра Трајковски, кој десно го имаше Чурлинов, но се обиде да шутира и погреши.

Во последните моменти, убава можност имаше и Никола Серафимов, но шутираше крај голот.

На крајот, реми за Македонија на домашниот дуел со Казахстан.

 

 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 

МАКЕДОНИЈА – КАЗАХСТАН 1-1 (0-0)

Арена Тодор Проески.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (75′ Серафимов), Зајков, Велковски (46′ Костадинов), Алиоски, Алими (75′ Трајковски), Барди, Елмас, Миовски (46′ Чурлинов), Ристовски (62′ Растодер).

КАЗАХСТАН: Сејсен, Каиров, Касим, Алип, Вороговскиј, Зајнутдинов, Куат, Караман (70′ Калматов), Чесноков, Свиридов (61′ Шушеначев), Кенжебек (61′ Жумат).

Судија: Мартинез (Шпанија).

Стрелци: Барди 74′ (Македонија), Караман 54′ (Казахстан).

Ж. картони: Алими (Македонија), Зајнутдинов, Каиров, Куат, Жумат (Казахстан).

Continue Reading

Претходно: ГАЛЕРИЈА: Битола го прослави векот на авијацијата
Следно: Сончево со температура до 23 степени

Поврзани вести

798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
img_8327-1536x1094
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Муслиу: Не смее само противникот да се прашува

Димитар Петковски 06/10/2026 12:20
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани