Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Македонија со убедливо најниска цена на горивата, не се планира ново намалување на ДДВ-то за дизелот

Шеталиште 04/05/2026 11:02
gorivo-pumpa-750x350-2

Остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел-горивото во регионот, со намалени акцизи за бензините и за дизелот и намалено ДДВ за бензините – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање Мицкоски рече дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ-то за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП.

– Граѓаните од соседните држави ја зголемија потрошувачката на бензинските стници во Македонија, во одредни денови за 30 проценти. Ние се гордееме што можеме да влијаеме за подобар стандард на граѓаните на соседните држави, меѓу кои се Србија, Косово, Албанија и Грција, и делумно Бугарија. Како држава сме фактор на стабилност и продолжуваме со политика што ќе значи подобар стандард за греѓаните. Остануваме на намалените акцизи за бензините и за дизел-горивата, остануваме на намаленото ДДВ за бензините и остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел-горивата во регионот – изјави Мицкоски на новинарско прашање по присуството на панихидата во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев.

Тој информира дека сè уште траат проверките од страна на пазарните инспектори по сомнежите дека нафтени компании вршеле реекспорт на горива споделувајќи дека станува збор за најмалку една компанија.

Проверките, посочи, се прават врз основа на информации што ги добивме од страна на лица во тој бизнис. – Наше е да ја провериме секоја информација што ја добиме. Во зависност од проверките, така и ќе реагираме. Проверките сè уште течат – рече Мицкоски. 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (05.04.2026)
Следно: Законот за младински додаток од 3.000 денари го помина комисискиот филтер

Поврзани вести

gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Цената на нафтата продолжува да расте

Шеталиште 13/05/2026 09:38
2430029_zlato-nemecko-usa-stahovani-evropa-1
  • Економија

Грам злато денес чини 128 евра

Шеталиште 13/05/2026 07:31
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Расте цената на нафтата

Шеталиште 12/05/2026 09:27
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Квалификации СП 2027: Македонија е на прагот на пласман во Германија 2027 година (Видео) 098765 1
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Квалификации СП 2027: Македонија е на прагот на пласман во Германија 2027 година (Видео)

14/05/2026 20:22
Червар за хрватските медиуми: Челниците од Пелистер, имаа голема желба да дојдам во Битола! zkdnfmkslfmaf 2
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Червар за хрватските медиуми: Челниците од Пелистер, имаа голема желба да дојдам во Битола!

14/05/2026 15:42
Алиу: Сомнителни операции во приватните болници, странски експерти утврдија неправилности кај девет пациенти 48370 (1) 3
  • Македонија

Алиу: Сомнителни операции во приватните болници, странски експерти утврдија неправилности кај девет пациенти

14/05/2026 10:59
Куп на Македонија во женска конкуренција – Финале: Тиверија Брера – Саса М.Каменица 363636336 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија во женска конкуренција – Финале: Тиверија Брера – Саса М.Каменица

14/05/2026 10:31
Наредена обдукција на убиената жена во Битола – Обинителството на терен napad-noz-960x636-640x424 5
  • Битола инфо

Наредена обдукција на убиената жена во Битола – Обинителството на терен

14/05/2026 10:25

Можеби сте пропуштиле

098765
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Квалификации СП 2027: Македонија е на прагот на пласман во Германија 2027 година (Видео)

Димитар Петковски 14/05/2026 20:22
zkdnfmkslfmaf
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Червар за хрватските медиуми: Челниците од Пелистер, имаа голема желба да дојдам во Битола!

Димитар Петковски 14/05/2026 15:42
featured-vietnamese-chicken-and-rice
  • Здравје

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Шеталиште 14/05/2026 11:30
48370 (1)
  • Македонија

Алиу: Сомнителни операции во приватните болници, странски експерти утврдија неправилности кај девет пациенти

Шеталиште 14/05/2026 10:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани