Македонската младинска репрезентација оствари убедлива победа над Турција со 41:24, во разигрувањето за пласман на Европското првенство во Романија. Мики Лазов беше најдобар стрелец со 9 голови за Македонија,додека Бобан Поповски постигна шест. За Труција најефикасен беше Шахин Кадир Аајилдиз со 5 погодоци.
Македонската репрезентација ќе разигрува за пласман од 17 до 20 место на шампионатот. Нов ривал на избраниците на селекторот Игор Илиевски в петок ќе биде селекцијата на Полска.

