Македонската машка одбојкарска репрезентација загуби и на третиот натпревар против фаворитот во групата на актуелното Европско првенство, репрезентатијата на Полска.
Голем хендикеп за нашата селекција беше неиграњето на најдобриот играч Никола Ѓорѓиев. Полска со Болаџ со 13 поени беше најефикасен во победничката селекција, додека во македонскиот состав Љафтов освои 6 поени. Во наредниот циклус Македонија ќе бара победа, односно селекциите со кои можеме да се бориме како Португалија и Израел.

