Горјан Гого Славески ја забележа осмата победа во борење со голи раце, откако во САД-Мајами го совлада Џони Тељо.
Гого беше подобар во текот на целата борба, но противникот успеа да го дочека кракот и последното ѕвоно од гонгот.

За Славески ова беше 8-ма победа од 9 настапи во кариерата во БКФЦ, неговиот претходен триумф беше лани пред крајот на годината.
Борецот со македонско потекло, настапи со специјално дизајнирани боксерски патики изработени од македонски бренд РВР Бренд.
Фото – фото: /gogo_braveheart/

