Македонскиот репрезентативец Себастијан Херера и екс играч на Работнички во 55-тата минута постигна погодок за израмнување на 1:1, откако гостите на полувреме имаа водство од 0:1.
„Ова е уште една фантастична ноќ за мене. Среќен сум што му помогнав на тимот да дојдеме до овој резултат. Секако, задоволствот е големо бидејќи повторно ќе играме во групната фаза“, беше изјавата на Херера за македонскиот спортски портал спорт после натпреварот.
Себастијан Херера е екс играч на ФК Работнички каде помина пет години (од 2015 до 2020 година) и се етаблира како еден од најдобрите леви бекови во македонската Прва лига.
За време на неговиот долг престој во Македонија, тој доби македонско државјанство, па дури и се ожени за македонска државјанка (поради што во медиумите често е нарекуван „македонски зет“.
Фото Аламу

