Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Македонските граѓани повторно можат да аплицираат за имигрантски визи за САД – поништена забраната на Трамп

Шеталиште 22/08/2026 11:28
IMG_5923

Забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, која ја воведе администрацијата на Доналд Трамп, во петокот беше поништена од федерален судија, кој оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио. Стејт департментот во јануари го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји во кои живеат речиси 40 проценти од светското население – меѓу кои Бразил, Колумбија, Египет, Хаити, Сомалија и Русија – со образложение дека на тој начин ќе се спречи влезот на лица кои би „користеле социјална помош и јавни бенефиции“, пишува Си-ен-ен.

Судијката Џенет Варгас од Федералниот окружен суд во Менхетен го оспори образложението на Стејт департментот за оваа мерка и го поништи секое одбивање барање за виза што било засновано исклучиво на тоа образложение што претставува уште еден неуспех на администрацијата на Доналд Трамп во неговата имиграциска политика. Според законот, на имигрант може да му биде одбиен влезот во САД како лице за кое се проценува дека би можело да стане „товар за јавните фондови“, односно лице за кое се очекува дека ќе зависи од државна помош, дури откако конзуларниот службеник ќе ги земе предвид неговата или нејзината финансиска состојба, возраста, здравствената состојба, вештините и семејните околности, пренесува Н1 Белград.

Судијката Варгас утврди дека на американските службеници во практика им било наложено да ги одбиваат барањата за визи на апликантите, дури и на оние кои можеле самостојно да се издржуваат, исклучиво врз основа на земјата од која доаѓаат.

Забраната за издавање визи го суспендираше издавањето визи за постојан престој на лица кои заминувале во САД заради спојување со членови на семејството или заради вработување, но не се однесуваше на неимигрантските визи, како туристичките или студентските.

Наредбата што Рубио ја испратил до сите дипломатски и конзуларни претставништва, а која била вклучена во судските списи, им наложувала на службениците да ги одбијат апликантите дури и кога некое лице „ќе достави дополнителни докази кои покажуваат дека ја надминало основата за одбивање поради можноста да стане товар за јавните фондови“.

Поголемиот дел од 75-те земји опфатени со мерката се наоѓаат надвор од Европа и вклучуваат држави од Карибите, Супсахарска Африка, Балканот, Блискиот Исток, Централна Азија и Југоисточна Азија. Меѓу нив се и неколку американски партнери, вклучувајќи ги Јордан, Египет и Грузија.

Меѓу земјите опфатени со мерката беа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Администрацијата, сепак, забележа успех во една потесна точка од спорот, бидејќи судијката се согласи дека оваа политика не претставува вид формално правило кое мора да биде ставено на јавна расправа и коментирање пред да почне да се применува.

Варгас, која на функцијата беше именувана од поранешниот претседател Џо Бајден, им даде рок на двете страни до 11 септември да предложат начин за решавање на преостанатите прашања во случајот.

Администрацијата може да поднесе жалба на пресудата.

Си-ен-ен побара коментар од Одделот за правда и од Белата куќа.

Continue Reading

Претходно: Брегалница полесно од очекуваното стигна до трите бода против Башкими, по еден бод за Скопје и Тиквеш во вториот наптревар од 4.коло
Следно: Ељиф Елмас има нов клуб, Џунтоли и Сари го вратија македонскиот дијамант во Италија

Поврзани вести

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани