Македонската ракометна селекција вчера со голот во последните секунди на Костески Ненад ја победија Романија во последното коло од Европското првенство со 24:23.
Таа победа вреди 2 милиони денари, откако пред почетокот на првенството Министерството за спорт му вети на ракометарите дека за секоја победа ќе ја добијат таа сума.
За ракометарите на Македонија завршува ова ЕП 2026 на 14 место со: пораз од Данска,реми со Португалија и победа против Романија, која победа ќе ни донесе бараж за СП во привилегирана позиција. За потсетување на последното ЕП во Германија, нашите ракометари беа на 17. место.

