Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Спорт
  • Фудбал

Македонските фудбалери вечерва пред полни трибини ѝ гостуваат на БиХ

Шеталиште 29/05/2026 08:30
makedonski-fudbaleri

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сараево ѝ гостува на Босна и Херцеговина, пред соочувањето со Турција, в понеделник во Истанбул, во двата контролни натпревари кои новиот селектор Гоце Седлоски ги најави како генерална подготовка за настапот во новиот циклус во Лигата на нации оваа есен.

Седлоски за двата натпревари повика 27 фудбалери, вклучувајќи петмина дебитанти (Дин Аломеровиќ, Георгије Јанкулов, Дарко Анѓелески, Дарко Додев и Азер Омерагиќ), додека капитенот Енис Барди отпадна од составот поради повреда.

„Новите фудбалери донесоа свежина во тимот, а добро беа прифатени и од останатите репрезентативци. Повикав повеќе нови играчи и сите ќе добијат шанса да се докажат. Имам неколку варијанти за замена на повредениот Барди, а конечната одлука ќе ја донесам по денешниот тренинг“, изјави Седлоски на вчерашната официјална прес-конференција.

Македонскиот селектор истакна оти е важно неговите избраници на денешниот дуел да остават позитивен впечаток.

„Сакаме да се докажеме и тимски и резултатски. Најважно е да излеземе на терен и да одиграме најдобро што можеме. Ќе дадеме максимум, а нека победи подобриот. Ние сме фокусирани на нашата игра и на тоа како ќе ги одиграме овие 90 минути, но и Босна сигурно има мотив да се покаже во добро светло пред своите навивачи“, рече Седлоски.

Во отсуство на повредениот Барди, капитенската лента ќе ја носи голманот Столе Димитриевски, кој истакна дека натпреварот со БиХ ќе биде добра подготовка за предизвиците кои им претстојат во Лигата на нации.

„Натпреварите од Лигата на нации што следуваат се најважни за нас, а Босна е селекција која по стилот многу наликува на репрезентациите што нè очекуваат во наредниот период. Новите фудбалери имаат потенцијал. Треба постепено да се вклопат во тимот, а добро беа прифатени од нас поискусните. Потребно е да продолжат да работат, да се борат и да ја заслужат шансата да играат за Македонија и во следниот циклус“, изјави Димитриевски“, рече Димитриевски на конференцијата за новинари во Сараево.

Вечерашниот натпревар ќе стартува во 20:30 часот пред полни трибини на реновираниот стадион „Асим Ферхатовиќ“, откако сите билети беа распродадени за помалку од два часа.

ФОТО: ФФМ

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: СДСМ: Нема реформи, за две години нецелосно завршени 2 од 10 точки од Реформската агенда
Следно: Заврши 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026

Поврзани вести

190726-fenomenot-ronaldo-mesi-e-genijalec-koj-natera-i-brazilci-da-navivaat-za-argentina-1
  • Фудбал

Шесте рекорди на Меси за 80 минути

Шеталиште 17/06/2026 07:29
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
Screenshot 2026-06-16 105657
  • Спорт
  • Останати

Ивана Пејовска дел од ЦЕВ „Тренерската конвенција 2026“ во Португалија

Димитар Петковски 16/06/2026 08:57
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа nafta-1 1
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

18/06/2026 07:48
Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло zesko-sonce 2
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

18/06/2026 07:48
Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 3
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43
Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 4
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 5
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00

Можеби сте пропуштиле

simona-bitola
  • Настани

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Шеталиште 18/06/2026 07:54
nafta-1
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

Шеталиште 18/06/2026 07:48
zesko-sonce
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

Шеталиште 18/06/2026 07:48
megjunarodna-vozacka-dozvola
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

Шеталиште 18/06/2026 06:43

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани