Македонската фаланга се собра од сите страни во главниот град на Данска, Копенхаген за клучниот меч вечерва против домаќините. Многу македонци од сите страни на светот допатуваа но има и такви кои допатуваа од Америка за овој меч но и многу европски земји како Шведска,Австрија,Германија,Швајцарија но и од повеќе градови од Македонија се обединија на едно место а тоа е собирното место од каде ќе се оди кон стадионот Паркен.

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Данска во Копенхаген каде што на стадионот „Паркен“ ќе има поддршка од над 1.000 Македонци кои во текот на денот со песни,знамиња и дресови во боите на Македонија – “црвено-жолтото” ги обоија улиците на главниот град на Данска.


