Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскaта одбојкарска “чета” ги започнаа подготовките за Европското првенство 2026 во Крушево (Фото)

Димитар Петковски 05/08/2026 14:51
sobir-mazi-007-photo-vangel-tanurovski-1024x701

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска се собра во хотел „Монтана“ во Крушево на стартот на подготовките за ЕвроВолеј 2026.

Со исклучок на средниот блокер Филип Савовски, кој ќе пристигне на вечерниот тренинг, сите останати репрезентативци се појавија на првата прозивка на селекторот Јошко Миленкоски. Селекторот подготовките ги отвори со статистика и податоци за подготовките кои репрезентацијата ги имала за ЕвроВолеј 2023, потенцирајќи дека ќе бара сериозност, дисциплинираност и најави напорно темпо на работа.

„Мојата методологија на работа е добро позната за секој од вас. Барам професионален однос, сериозност и посветеност. Тука сме да направиме резултат, а тоа значи сѐ друго да биде во втор план, целиот фокус да биде на одбојката. Ќе имаме обврска да го поминеме целиот материјал повторно, за да нема никакво недоразбирање за нашиот систем, тактика и дисциплина. Сето она што го имаме како наша игра треба да го потврдиме и надоградиме. На ЕП нема да одиме како аутсајдери, имаме цел да постигнеме резултат и таргет репрезентации на кои ќе посветиме доволно внимание во текот на подготовките“, потенцираше Миленкоски при првиот поздрав на екипата и продолжи: Во Крушево ќе бидеме 11 дена, и ќе одработиме 20 тренинзи со посебно внимание на физичката подготовка и индивидуалната техника. Потоа продолжуваме со работа во Скопје. Имаме 35 дена до стартот на ЕП и ќе имаме забрзано темпо на работа, но со дозиран интензитет и верувам дека подготвени ќе го дочекаме првенството.“

Репрезентацијата во Крушево ја поздравија и потпретседателот на Федерацијата, Ивица Хаџи Иљоски и генералниот секретар Филип Деспотовски.

„Добредојдовте и Ви благодарам што го прифативте повикот. Посебно задоволство ми е што екипата е во истиот состав како претходно, што Миленкоски, како наш најтрофеен стратег ќе не предводи на уште едно Европско првенство и што ја задржавме компактноста. Реални сме, не гаиме илузии и свесни сме за силината на противниците со кои ќе се соочиме на ЕП, но искрено се надевам на успех и верувам дека доколку ни се прижи шанса за пласман во втората фаза ќе ја искористиме. Екипата има искуство и добро знае што значи да се игра на ЕП и поради тоа не се сомневам дека секој од вас ќе даде максимум. Ви посакувам успешни подготовки и сите здрави да го дочекате почетокот на ЕП“ – истакна потпретседателот Хаџи Иљоски.

Репрезентацијата според распоредот на 7 септември наутро патува за Софија, додека два дена подоцна против домаќинот и еден од организаторите Бугарија го отвора настапот на ЕвроВолеј 2026.

Continue Reading

Претходно: 19 – годишен прилепчанец приведен бидејќи возел без возачка дозвола
Следно: Сончево и многу топло, до 39 степени

Поврзани вести

ispit-matura-702x336-1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Шеталиште 11/08/2026 12:08
Ohrid6-1-scaled
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Шеталиште 11/08/2026 10:40
c4-1024x1024
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

Шеталиште 11/08/2026 10:39
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови ispit-matura-702x336-1 1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

11/08/2026 12:08
Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија Ohrid6-1-scaled 2
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

11/08/2026 10:40
Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање c4-1024x1024 3
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

11/08/2026 10:39
ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец Screenshot_20260811_064042_Facebook 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

11/08/2026 07:44
Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11 Vakcinacija_deca_vo_germanija 5
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

11/08/2026 07:36

Можеби сте пропуштиле

ispit-matura-702x336-1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Шеталиште 11/08/2026 12:08
Ohrid6-1-scaled
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Шеталиште 11/08/2026 10:40
c4-1024x1024
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

Шеталиште 11/08/2026 10:39
Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани