Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ почнува со народни трибини низ целата држава, вечер во Прилеп, ги градиме темелите на Македонија, твоето време доаѓа

Шеталиште 25/06/2025 15:30
Valentin Manasievski

По една година од преземањето на одговорноста за водење на владата, ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски започнуваат голема акција на јавна отчетност и отворена комуникација со граѓаните – трибини низ цела Македонија под слоганот:

„Ги градиме темелите на промените – доаѓа времето на Македонија“.

Оваа иницијатива е израз на нашата определба за транспарентно, одговорно и отчетно работење. Граѓаните имаат право не само да слушнат, туку и да прашаат, да кажат, да предложат свои сугестии, идеи и критики со кои ние ќе станеме подобри и пофункционални. Затоа овие трибини ќе бидат можност да секој еден да учествува, да дискутира и да придонесе.

Министрите, премиерот и владиниот тим ќе бидат присутни на трибините. Ќе презентираме што сработивме, што започнавме, со што се соочивме и што следува. Ќе зборуваме за проектите, за реформите, за чекорите напред. Но и ќе слушаме. Ќе слушаме од народот, затоа што нашата политика се темели на гласот и интересот на граѓаните.

Годинава што помина ја посветивме на стабилизирање на државата. Затекнавме хаос, безредие, разрушени темели.

Не почнуваме од нула, туку од минус. И повторно градиме темели на промени.

Одново поставуваме столбови и ги засилуваме носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за секој еден човек.  Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме, заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на просперитет, ред, развој, почит, човечност и вредности. Земја со која се гордееме.

Сакаме да соопштиме дека првата трибина ќе се одржи денес во Прилеп  на градскиот плоштад во 19:30ч, насловена како „Економски раст и дигитална трансформација’’, а потоа следуваат трибини низ сите краишта на Македонија – во градови и села, со сите луѓе кои ја сакаат оваа земја и веруваат дека може подобро.

На првата трибина ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии, Елена Петрова – директорка на Управата за јавни приходи, Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација и Бојан Стојаноски – пратеник во македонското Собрание.

Ова не е само отчет – ова е повик.

Повик за заедничка работа.

Повик за обнова.

Повик за иднина.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.

И тоа време започнува – сега.

Линк од видео материјал:

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Continue Reading

Претходно: Божиновска: Чебрен ќе стане факт, ќе ја вратиме енергетската моќ кај нас, ќе инвестираме и модернизираме
Следно: Инвестиција од над 200 милиони евра во здравството со британската поддршка, најави премиерот Мицкоски

Поврзани вести

FB_IMG_1772788127452
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Пелистер и Силекс одиграа без голови во дуелот од претпоследното 21. коло на ПМФЛ

Димитар Петковски 06/03/2026 09:09
FB_IMG_1772668440010
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Пелистер и ПСЖ со “реми” се поздравија со битолската публика (Видео)

Димитар Петковски 04/03/2026 23:54
FB_IMG_1772625385043
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА СВЕТСКОТО МЛАДИНСКО РАКОМЕТНО ПРВЕНСТВО ВО 2027 ГОДИНА

Димитар Петковски 04/03/2026 12:00
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
-_
300 x 300
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК 37118 (2) 1
  • Македонија

Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК

06/03/2026 09:12
Пелистер и Силекс одиграа без голови во дуелот од претпоследното 21. коло на ПМФЛ FB_IMG_1772788127452 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Пелистер и Силекс одиграа без голови во дуелот од претпоследното 21. коло на ПМФЛ

06/03/2026 09:09
Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени soncevoo 3
  • Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

06/03/2026 08:40
Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави grip-opsta-pexels-1 4
  • Македонија

Намален бројот на заболени од грип, последнава недела регистрирани 767 случаи на групни пријави

05/03/2026 13:31
Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Мицкоски не исклучува раст на цената на дериватите, ако дојде до тоа ќе се намалат акцизите

05/03/2026 13:28

Можеби сте пропуштиле

37118 (2)
  • Македонија

Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК

Шеталиште 06/03/2026 09:12
FB_IMG_1772788127452
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Пелистер и Силекс одиграа без голови во дуелот од претпоследното 21. коло на ПМФЛ

Димитар Петковски 06/03/2026 09:09
soncevoo
  • Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Шеталиште 06/03/2026 08:40
IMG_7736
  • Промо

Нова ера на Фрајле

Шеталиште 06/03/2026 07:17

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани