Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Манасиевски: Неодговорното однесување на Трендафилов излезе на виделина, политичкиот театар нарачан од СДС и Левица излезе на површина

Шеталиште 03/02/2026 15:38
Valentin-Manasievski

Неодговорно е однесувањето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој вчера објави пост на социјалните мрежи со фотографија, на која вели дека чека претставник на Владата да дојде во просториите на ССМ за да се потпише зголемувањето на платите, а истовремено веќе бил закажан состанокот на Владата со гранковиот синдикат УПОЗ за истата намена, истакнува на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што Шеталиште ја пренесува интегрално.

Со ова почитувани граѓани се потврдуваат сите наши тези дека барањата на Трендафилов имаат политичка позадина и дека зад неговото раководење со ССМ, стојат СДС и Левица. Ова не е ништо повеќе од обичен театар наменет за јавноста, во која жртвата е Слободан Трендафилов а виновникот власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На Трендафилов никогаш не му ни било до зголемување на платите, туку до наштетување на моменталната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и водење политика иста со онаа која ја води СДС и Левица. Се поставува прашањето, дали барањата на Трендафилов и ССМ, ги пишуваат СДС и Левица.

Трендафилов ниту еднаш не кажа ништо за зголемувањето на платите и новите колективни договори во образованието, здравството, полицијата, одбраната, социјалата и другите сектори. Но, за волја на вистината не кажа ништо и кога инфлацијата беше двоцифрено во времето на СДС и на ДУИ, не кажа ништо за ценовните шокови, не кажа ништо за зголемувањето на сметките за струја за над 50% и молчеше кога платите во неколку институции во државата доцнеа со месеци.

Да потсетиме и дека се потпишувале разни колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од министерството за финансии. Или во превод, СДС и ССМ си потпишувале договори, без да имаат претходно одобрено средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор.

Ова лицемерие на Трендафилов и ССМ покажува дека соработуваат со СДС и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати.

 

Continue Reading

Претходно: Фрчкоски: Како лажна вест се претставува како осуда од Брисел
Следно: Кога целите конечно престануваат да трчаат пред нас

Поврзани вести

image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56
znamee-1
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

Шеталиште 09/10/2026 07:44
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 1
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 2
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 3
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56
Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап 20261009093754_big_730x400_97 4
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

09/10/2026 07:52
Продолжен викенд пред нас, следува уште еден znamee-1 5
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

09/10/2026 07:44

Можеби сте пропуштиле

prilep-programa
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

Шеталиште 09/10/2026 14:57
1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани