Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Манасиевски: СДС го правда Земон, изјавата за Гоце Делчев не е несреќна, тој и Филипче се пратеници на Бугарија

Шеталиште 29/05/2026 08:25
valentin-manasievski

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, синоќа гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ каде што, меѓу другото, зборуваше и за изјавата на Рубин Земон од СДС, кој во гостување на бугарски поткаст рече дека македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев нема ништо направено за Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.

Манасиевски посочи дека таа изјава на Земон, наспроти тврдењата на СДС, никако не може да се нарече несреќна изјава, затоа што не може да излезеш на бугарски поткаст и да тврдиш дека Гоце Делчев кој го имаме и во македонската химна е мит.

„Јас не би ја нарекол несреќна изјава. Да излезете вие на бугарски поткаст и да велите дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо и не напишал ништо за Македонија, не извојувал ниедна битка, а го имаме во химната, прво мислам дека е нечовечки, недостоинствено и треба да размислиме пред следен пат да кажеме такво нешто. Гоце Делчев е важна историска фигура за Македонија, револуционер којшто се борел за независна Македонија, кој сакал да создаде држава. И вие денес, 100 години подоцна да говорите дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо за Македонија сметам дека е крајно недостоинствено“, истакна Манасиевски.

Манасиевски додаде дека од Рубин Земон кој вели дека негова е идејата Бугари во Устав, видовме фотографии како тој седи на кафе со еден од најголемите негатори на Македонија и македонскиот народ, кој притоа има и забранет влез во државата, Виктор Стојанов, основачот и претседателот на фондацијата „Македонија“, која се залага и дели флаери за Бугари во Устав.

„Видовме фотографии на господинот Рубин Земон, сега поранешен член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз патем, поранешен соработник во владата на Зоран Заев, близок соработник, којшто на едно интервју вели дека тој ја дал идејата за внесување на Бугари во Устав. Па потоа го гледаме како „недоговорено“ седнал на кафе со, не било кој, туку со Виктор Стојанов, основач-претседател на фондацијата „Македонија“, којшто во Македонија има забранет влез. И не само тоа, гледаме, денес имавме повторно прес-конференција, каде што делеле флаери за Бугари во Устав. А кој бара Бугари во Устав во Македонија? СДС“, рече Манасиевски.

Тука се тие тези коишто ние ги потврдуваме, потенцираше портпаролот Манасиевски и додаде дека бугарската министерка Петрова Чамова вели дека „преку бугарските мисии во Македонија работи за Бугари во Устав“ и дека „нашиот проблем не е со Бугарија, туку со Европската Унија“.

„Знаете кој имаше таква иста изјава? Венко Филипче. Вели, ние не преговараме со Бугарија, туку преговараме со Европската Унија. Најгласен, како што ние го нарекуваме, специјален бугарски пратеник во Македонија, односно пратеник на Румен Радев, Венко Филипче е единствениот и најгласниот којшто говори за воведување на Бугари во Устав, за којшто ние тврдиме дека тоа не е последната препрека за влез во Европската Унија. Така велеа и во 2018-2019 година, кога го променувавме името, дека тоа е последниот чекор којшто треба да го направиме за да бидеме дел од ЕУ. Па еве јас прашувам, дали ние денес сме дел од Европската Унија, со променето уставно име? Не сме, за жал“, констатираше Манасиевски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Димитриевски: Подготвени сме за Босна, сакаме добар натпревар во двата правци
Следно: СДСМ: Нема реформи, за две години нецелосно завршени 2 од 10 точки од Реформската агенда

Поврзани вести

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
zesko-sonce
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

Шеталиште 18/06/2026 07:48
megjunarodna-vozacka-dozvola
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

Шеталиште 18/06/2026 06:43
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината image-253989 1
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

18/06/2026 08:02
Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп а 2
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

18/06/2026 08:00
Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа nafta-1 3
  • Економија

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

18/06/2026 07:48
Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло zesko-sonce 4
  • Македонија

Викенд временска прогноза: Сонце па невреме – Од понеделник уште потопло

18/06/2026 07:48
Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура megjunarodna-vozacka-dozvola 5
  • Вести
  • Балкан
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Меѓународна возачка дозвола – документот што може да ви ја спаси целата авантура

18/06/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

image-253989
  • Македонија

Денеска се чествува Свети Доротеј – празник посветен на мудроста, верата и добрината

Шеталиште 18/06/2026 08:02
oriz-so-pileshko
  • Рецепти

Ориз со пилешко и зеленчук

Шеталиште 18/06/2026 08:01
а
  • Прилеп инфо

Пиво Фест од 17ти до 19ти јули во Прилеп

Шеталиште 18/06/2026 08:00
simona-bitola
  • Настани

Промоција на „Ништо нормално“ од Симона Јованоска во Битола

Шеталиште 18/06/2026 07:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани