Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДС и Левица стојат зад протестите на ССМ

Шеталиште 01/02/2026 14:37
Valentin-Manasievski

Трендафилов призна дека СДС и Левица стојат зад  протестите на ССМ, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштение кое Шеталиште го пренесува интегрално.

Во гостување на една од македонските телевизии, на Слободан Трендафилов му се промакна изјава којашто по се изгледа не требаше да ја каже во јавноста, дека како што вели тој – сите се здружиле токму против оваа влада.

Оваа изјава која му излета на Слободан Трендафилов,  докажа дека зад протестите на ССМ стојат СДС и Левица. Во минатото, ваква изјава Слободан Трендафилов никогаш нема дадено.

Трендафилов ќе направи се што може по насока на СДС и на Левица за работниците да не добијат покачување на платите. Но, нека му служи на чест.

Покачувањето во јавната администрација од 40% не е понуда која е од вчера, туку од минатата година. Но, Трендафилов затоа што шурува со СДС и Левица, не прифаќа нов колективен договор со којшто минималното зголемување ќе биде, повторувам минималното зголемување во април оваа година ќе биде 3580 денари, додека пак просечното зголемување ќе биде над 6000 денари или како што вели ССМ над 100 евра.

Но тоа што СДС ја покраде државата и остави прашина во државната каса, на Слободан Трендафилов и на ССМ не им пречеше, не се жалеа и не бараа повисоки плати. Затоа и велиме дека кога ја наследивме власта ние не почнавме од нула, туку од голем минус.

ВМРО-ДПМНЕ не ветуваше чуда, туку работа и дела. Како што ги зголемивме платите во образованието, во здравството, во полицијата, во Министерството за одбрана, во социјалата и други, така ќе ги зголемиме платите и во администрацијата. Дополнително на ова, ќе помагаме и на бизнисот за да може и тој да ги зголеми платите во приватниот сектор.

Никој не вели дека е лесно и дека цветаат рози, никој не вели дека тече мед и млеко по улиците, ниту, пак, дека гледаме низ розови очила. Но, вистината мора да се знае. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се во рамките на своите можности за да го подигне стандардот на граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Continue Reading

Претходно: СДСМ: Министерството за здравство го крие повлекувањето на д-р Кедев од здравствениот совет за проверка на случаите на непотребните операции на срце
Следно: Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи во посета на Вашингтон

Поврзани вести

dozd-avtomobil-pat
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Шеталиште 17/02/2026 08:42
dozd-1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

Шеталиште 17/02/2026 07:13
pat_sneg_1000x666-1
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Шеталиште 17/02/2026 07:09
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка dozd-avtomobil-pat 1
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

17/02/2026 08:42
Прекин на водоснабдување во делови од Битола Untitled-design-43-1 2
  • Битола инфо

Прекин на водоснабдување во делови од Битола

17/02/2026 08:40
И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 3
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 4
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 5
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22

Можеби сте пропуштиле

4
  • Настани

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

Шеталиште 17/02/2026 12:54
horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2026)

Шеталиште 17/02/2026 08:58
donkey-santorini-pxhere-696x385
  • Патувањa

Санторини има нови правила за туристите – превозот со магариња не е достапен за сите

Шеталиште 17/02/2026 08:53
20260217090228_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болест

Шеталиште 17/02/2026 08:51

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани