Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Маратонецот д-р Бошко Илиев го преплива Вештачкото езеро во Прилеп

Шеталиште 17/06/2025 07:05
iliev-prilep-696x522

Прекрасната природа, чистата и бистра вода и тишината на прилепското Вештачко езеро беа инспирација и предизвик за 60-годишниот маратонец и доктор по спортска медицина, Бошко Илиев од Кавадарци, да направи несекојдневен спортски подвиг – да го преплива прилепското вештачко езеро во должина од 4 километри.

Подвигот траеше 1 час, 37 минути и 8 секунди, а за успешната реализација д-р Илиев доби признание од градоначалникот на Општина Прилеп, г. Борче Јовчески.

Д-р Илиев, кој со пливачки маратони активно се занимава од 2001 година, подвигот го реализираше како дел од неговата лична мисија – промоција на природните убавини на Македонија и здравиот начин на живот. Прилепското Вештачко езеро е 21-то езеро што го има препливано во земјава, а ова му е вкупно 168-ми маратон, реализиран во 14 држави на Балканот.

– Имав огромна желба да го препливам Вештачкото езеро и тоа ми се оствари, благодарение на логистичката поддршка од Општина Прилеп, градоначалникот и моите пријатели. Езерото е прекрасно – со чиста, мирна вода и убава природа. Сакам да ги препливам сите езера во Македонија. Остануваат уште неколку. Целта ми е преку спортот да ги афирмирам нашите природни ресурси и да поттикнам развој на туризмот – изјави Илиев.

Прилепското Вештачко езеро се наоѓа на само 5 километри од градот и претставува значаен туристички и рекреативен капацитет. Изградено е во 1967 година како акумулација за наводнување и технолошка вода. Максималната должина му е 1,5 километри, а најголемата ширина 600 метри. Езерото зафаќа површина од 0,55 km², со вкупна запремнина од 6 милиони кубни метри вода.

Општина Прилеп изрази благодарност до д-р Бошко Илиев за неговата посветеност и за афирмацијата на природните убавини на нашиот регион. Подвигот претставува мотив плус за развој на спортскиот и еко-туризмот во Прилеп и пошироко.

Continue Reading

Претходно: Обезбедени 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование
Следно: Ѓоковиќ добил Златна виза, со семејството ќе живее во Атина

Поврзани вести

bolnica-prilep-1
  • Вести
  • Прилеп инфо

Продолжен притворот за шесте лица за злоупотреби во прилепската болница

Шеталиште 25/11/2025 06:43
Screenshot 2025-10-23 at 12.33.53
  • Прилеп инфо
  • Вести

Прилеп оддаде почит на револуционерите по повод 23 Октомври

Шеталиште 23/10/2025 10:34
Bolnica-Prilep
  • Вести
  • Прилеп инфо

Истрага за злоупотреби во прилепската болница, осомничени 32 лица

Шеталиште 22/10/2025 13:19
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот Screenshot_20251208_122113_Facebook 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот

08/12/2025 11:23
Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ Sv. Kliment 2
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

08/12/2025 08:29
Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род Sv. Kliment Ohridski 3
  • Вести
  • Македонија

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

08/12/2025 08:27
КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео) kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006 4
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

06/12/2025 11:07
Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата Screenshot_20251205_195904_Mavex 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

05/12/2025 19:37

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20251208_122113_Facebook
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Пелистер знае да биде опасен, Арсими влегува без потценување на мечот

Димитар Петковски 08/12/2025 11:23
Sv. Kliment
  • Вести
  • Македонија

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

Шеталиште 08/12/2025 08:29
Sv. Kliment Ohridski
  • Вести
  • Македонија

Свети Климент Охридски Чудотворец – просветител и апостол на словенскиот род

Шеталиште 08/12/2025 08:27
IVONA KOCHOV
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.12.2025)

Шеталиште 06/12/2025 18:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани