Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Мариово оживува преку историјата на Калеш Анѓа

Шеталиште 11/06/2025 04:56
kukjata-na-kales-nagja-07

Во срцето на Мариово, каде времето како да застанало, се издига една куќа што не раскажува приказна, туку ја живее. „Куќата на Калеш Анѓа“ во селото Старавина, општина Новаци, не е обична стара градба. Таа е сведок, симбол и сведоштво – на отпорот, достоинството и автентичноста на еден народ.

Реставрирана пред тринаесет години со поддршка од Европската унија во рамките на проектот „Жива историја – жива природа“, оваа куќа денес е еден од најпосетуваните културно-историски локалитети во општината. Нејзината градба, од дрво, камен и кал е сведоштво за народната архитектура и руралниот живот во 16 век, но и нешто многу повеќе домот на Калеш Анѓа.

Калеш Анѓа, хероина која со гордост го одбила животот во харем во замена за промена на верата, остана засекогаш запишана во стиховите на народната песна „Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо…“ и во романот на Стале Попов од 1958 година. Нејзиниот дух сè уште шепоти низ чардаците и ладните подови на куќата, а секој посетител го чувствува тој непокор и достоинство што ја претвори Анѓа во икона.

Горниот чардак со поглед кон ридовите и пештерата Пешна делува како природна сцена на историска драма, додека долниот дел, со оригиналниот камен под и просториите уредени во стил на тогашното време, пренесува автентична слика за едно исчезнато секојдневие. Куќата не е само музеј, туку жив простор што постојано го поврзува минатото со сегашноста, локалното со глобалното, легендата со реалноста.

Минатата година, Општина Новаци вложи 4,5 милиони денари во уредување на нов плоштад пред „Куќата на Калеш Анѓа“ и црквата „Пресвета Богородица“. Во последните три години, дополнително се асфалтираа 6,5 километри локални патишта и улици, со инвестиции од над 35 милиони денари, што значително го подобри пристапот за туристите и го поттикна развојот на локалната економија.

Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци

„Зачувувањето на вакви вредности не е само културна обврска – тоа е начин да создадеме идентитет и иднина“, вели градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

„Ниту една инвестиција во културното наследство не е залудна, таа се враќа преку туризмот, образованието и заедничкото чувство на припадност“, вели тој.

Општина Новаци денес е активен учесник во четири ИПА-проекти со Грција и Албанија што е реткост за една рурална општина. Со нив се планираат изградба на канализациона мрежа во Гермијан, обновување на училишната фасада и поставување фотоволтаици за еколошко затоплување на централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци, пошумување, изградба на сместувачки капацитети во Зовиќ и музеј со дигитална изложба во Градешница.

„Овие проекти се наменети за подобар живот, развој на туризмот и еколошка одржливост“, подвлекува Стевановски.

„Куќата на Калеш Анѓа“ не е само ѕидови и покрив, таа е покана за сеќавање, за поука и инспирација. Тука, меѓу тишината на ридовите во Старавина и гласот на народната песна, може да се слушне ехото на жената која не се покори. А кога ќе ја напуштите, ќе знаете едно: не сте биле само турист туку сте станале и дел од една приказна што никогаш не завршува.

Фото: Општина Новаци

Continue Reading

Претходно: Националниот парк Пелистер без план за заштита од пожари и студија за заштита на моликата, но со амбициозна визија за иднината
Следно: Театар кој се чувствува: Интервју со Васко Мавровски за ревитализацијата на НУ Народен Театар Битола

Поврзани вести

20261009093754_big_730x400_97
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

Шеталиште 09/10/2026 07:52
enis-bardi-instagram
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото)

Димитар Петковски 09/10/2026 05:06
granata
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

Шеталиште 07/10/2026 07:04
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 1
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 2
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 3
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56
Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап 20261009093754_big_730x400_97 4
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

09/10/2026 07:52
Продолжен викенд пред нас, следува уште еден znamee-1 5
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

09/10/2026 07:44

Можеби сте пропуштиле

prilep-programa
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

Шеталиште 09/10/2026 14:57
1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани