Мартин Томовски со ББМ Битигхајм ја продолжи својата победничка серија и во 23-то коло од Втората ракометна Бундеслига и со својот тим на гости против неговиот екс тим Еулен Лудвигсхафен вчера во „Фридрих-Еберт-Хале“, победија со 31-23, со што го зацврстија своето прво место на табелата.
Беше посебна вечер за Мартин Томовски кој се врати на теренот каде и му почна германската авантура на македонскиот голман, кој играше за Лудвигсхафен, тогашен тим од Бундеслигата, во 2019 година, додека
По натпреварот, македонскиот голман Томовски имаше пофални зборови и за неговиот сегашен но и поранешен тим:
„Би сакал да им честитам на Лудвигсхафен и на нашиот тим за овој врвен натпревар. Според мене, тоа беше многу добра игра. На крајот, разликата можеби беше малку поголема, но така е понекогаш во ракометот.“ „Многу се забавував и беше чест повторно да играм тука. Лудвигсхафен беше мојот прв клуб во Германија – имам многу спомени поврзани со него.“ –
изјави македонскиот репрезентативен голман кој блескаше на овој меч и собра вкупно 15 одбрани, што го направи клучен фактор во победата на гостински терен за неговиот ББМ Битигхајм.
фото- https://sgbbm.de/

