НАЈНОВО

Македонија

Матура ќе се полага во училници, на факултети, сали за физичко и по холовите на училиштата

Според планот во една училница треба да има максимум 15 матуранти, а доколку нема доволен број на училници или пак училиштето нема спортска сала дел од матурантите ќе се распоредат по други училишта. Во Министерството за образование велат дека распоредот го прави Државниот испитен центар, а термините за полагање се први и шести јуни.

До петок ќе се знае кое училиште каде ќе полага матурски испит. Извори за „Слободен печат“ велат дека распоредот за полагање е скоро готов, но се прави детален распоред на училиштата кои имаат многу матуранти. Според планот во една училница треба да има максимум 15 матуранти, а доколку нема доволен број на училници или пак училиштето нема спортска сала дел од матурантите ќе се распоредат по други училишта. Во Министерството за образование велат дека распоредот го прави Државниот испитен центар, а термините за полагање се први и шести јуни.

– Според календарот за организација на учебната 2023/2024 година во јавните средни училишта екстерните испити од државната матура ќе се реализираат во две испитни сесии и тоа јунската која е на први и осми јуни. На први јуни матурантите ќе полагаат македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература, а на осми јуни ќе се полага математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика. Изборот за полагање на екстерните предмети е направен од страна на матурантите- велат во МОН. Според календарот има и августовска испитна сесија која ќе се одржи на 12 и 14 август. Сите испити се со почеток во 10:00 часот.

Директорката на Државниот испитен центар Билјана Михајловска за „Слободен печат“ вели дека најголема организација треба кај училиштата кои имаат и по 600 матуранти за кои се потребни 40 училници.

– Во петок имаме состанок на кој точно ќе се утврди кои училишта каде ќе полагаат матура. Во опција се секако и салите за физичко, но и холовите на училиштата. Матурантите навреме ќе бидат известени за се- вели Михајловска.

Наши извори велат дека матурантите од средното хемиско училиште СУГС Марија Сколдовска -Кири и средното ветеринарно училиште СУГС „Браќа Миладиновци“ матурски испит ќе полагаат на Факултетот за змејоделство и храна. Се бара простор за средното Фискултурно училиште. Според нашиот извор најверојатно ќе ги користат просториите на некое основно училиште. Освен кај скопските училишта проблем со простор има и кај едно тетовско училиште за кое решение ќе се најде веројатно со полагање во некое основно училиште.

Училишната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за училишна матура. Исто така матурантите имаат и Завршен испит.

Овој испит е наменет за учениците од четиригодишното средно стручно образование кои нема да полагаат државна матура. Целта на овој испит е добивање на сертификат за завршено четиригодишно средно стручно образование.

Завршниот испит се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети. Завршниот испит опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење учениците екстерно полагаат два предмети, два интерно и проектна задача. Задолжителен испит за сите е мајчиниот јазик.

Лани со диплома за државна матура се здобиле вкупно 14.845 матуранти, од кои 6.540 од гимназиското образование, односно 97 % од пријавените гимназијалци. Државна матура положиле 8.076 од стручното образование, односно 94 % од пријавените матуранти од стручното образование и 229 од уметничкото образование, односно 84 % од пријавените матуранти од стручното образование. Според јазикот на кој ја следеле наставата, 10.493 матуранти кои следеле настава на македонски јазик се здобиле со диплома за државна матура, 4.027 на албански јазик и 325 на турски јазик. Во учебната 2022/2023 година со диплома за училишна матура се здобиле вкупно 540 матуранти, додека, пак, со диплома за завршен испит се здобиле вкупно 3.046 матуранти. Без диплома во учебната 2022/2023 останале 450 матуранти, од кои 235 на македонски наставен јазик, 204 на албански наставен јазик и 11 на турски наставен јазик. Средна оценка на полагањата лани била 3,65.

Поврзани новости