Машката кадетска репрезентација на Македонија одигра одличен турнир на Светското училишно првенство што се одржа во Македонија, освоијувајќи го златниот медал. Во финалето нашите ракометни надежи во Скопје славеа против Израел со 38-32.
Кадетската репрезентација на Македонија предводена од Горан Кузмановски доминираше на овој шампионат, запиша шест победи од исто толку натпревари.
Честитки момци за големиот успех и гордо претставување на Македонија! – стои во честитката од Ракометната федерација на Македонија на социјалните мрежи.






