Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

Шеталиште 25/01/2026 10:13
Bezbeden grad

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.

Како што се наведува во известувањето од МВР, активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае кратко, приближно од 15 до 30 минути.

Од МВР информираат дека за време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално.

-Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, се наведува во соопштението.

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски вчера истакна дека возењето во главниот град е значително смирено по тест‑периодот на системот „Безбеден град“. Тој истакна дека граѓаните веднаш го намалиле бројот на прекршоците со воведувањето на опомените, а новиот систем ќе регистрира четири клучни прекршоци кои најмногу ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот: брзо возење, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање.

– Преку опомените народот многу брзо изреагира во тест-периодот. Беше известен, знаеше што претстои и веднаш го смири своето возење, го смири начинот на возење. Со тоа покажавме дека можеме да бидеме исто како Германците, Австријците, како сите други земји што го имаат тоа инкорпорирано во својот систем – и ние да го почитуваме, изјави Топаловски во подкастот „Радар“ со Сотир Костов.

Тој нагласи дека реакцијата била толку брза што бројот на прекршоци се намалил за повеќе од три пати.

– На почеток имавме преку 110 илјади прекршоци. Нема систем и институција што може да го обработи тоа. Но народот – за два дена – го спушти бројот на 30 илјади. Толку е нашиот паметен народ. На самата опомена, на самиот тест, го намали нивото на брзо возење, додаде тој.

Тој додаде дека остануваат и другите сообраќајни прекршоци за кои и досега се казнувало, како неносење сигурносен појас или користење мобилен телефон при возење, но преку „Безбеден град“ ќе се регистрираат само четирите приоритетни категории.

По донесувањето на Законот за прекршоци во Собранието, позната е и сумата на глобите што граѓаните ќе ги плаќаат доколку кои не ги почитуваат сообраќајните правила.

За санкционирање на пречекорувањето на дозволената брзина, глобата ќе зависи од тоа колку километри на час над дозволената брзина некој вози. За пречекорување до 20 километри на час, глобата е 20 евра. за 20 до 30 километри на час над дозволената брзина според законското решение е предвидено да плати 45 евра глоба. За пречекорување на дозволената брзина од 30 до 50 километри на час казната е 300 евра и забрана да управува со возило од 3 до 12 месеци. За пречекорување над 50 километри на час глобата е 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување со моторно возило од најмалку една година. Во населено место, казните се построги и може да достигнат и 500 евра, со задолжителна забрана за управување.

За сообраќајниот прекршок минување на црвено светло, системот автоматски ќе изрекува глоба од 250 евра и забрана за управување со моторно возило од три до 12 месеци. Кривична одговорност е предвидена ако прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода.

Ако се управува возило со истечена сообраќајна дозвола казната е 100 евра за возачот, а сопственикот на возилото ќе плати 250 евра.

За непрописно паркирање или запирање на забрането место предвидена е казна од 30 евра за стандардни прекршоци, 45 евра ако возилото го попречува сообраќајот и 50 евра ако е паркирано на место за лица со попреченост.

Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот. После овој рок мора да се платат 100 проценти од износот со можност за присилна наплата. Возач кој ќе добие три забрани за управување на моторно возило во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано после една година.

Собранието во петокот со 81 глас „за“, 19 „против“ и без воздржани го изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, се отвори патот од 1 февруари да стартува системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“, насочен кон превенција, зголемена безбедност во сообраќајот и заштита на човечките животи.

Continue Reading

Претходно: АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ дадоа црвен картон за системот безбеден град, со што покажаа дека се против безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Поврзани вести

dozd-avtomobil-pat
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Шеталиште 17/02/2026 08:42
dozd-1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

Шеталиште 17/02/2026 07:13
pat_sneg_1000x666-1
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Шеталиште 17/02/2026 07:09
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка dozd-avtomobil-pat 1
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

17/02/2026 08:42
Прекин на водоснабдување во делови од Битола Untitled-design-43-1 2
  • Битола инфо

Прекин на водоснабдување во делови од Битола

17/02/2026 08:40
И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 3
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 4
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 5
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22

Можеби сте пропуштиле

4
  • Настани

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

Шеталиште 17/02/2026 12:54
horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2026)

Шеталиште 17/02/2026 08:58
donkey-santorini-pxhere-696x385
  • Патувањa

Санторини има нови правила за туристите – превозот со магариња не е достапен за сите

Шеталиште 17/02/2026 08:53
20260217090228_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болест

Шеталиште 17/02/2026 08:51

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани