Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
image-66-1024x768

Во акцијата се извршени 35 претреси, а на граничните премини се уапсени две лица. Дополнително, во Скопје и Битола се извршени четири вонредни контроли во стрелачки клубови и две вонредни контроли во цивилни стрелишта, а при контрола во стрелачки клуб во Прилеп се одземени ловна пушка и револвер.

Во рамки на меѓународната оперативна акција „TRIGGER X“ во организација на Интерпол, во периодот од 22 јуни до 5 јули годинава, од Македонија се одземени 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција, 10 минско-експлозивни средства, три три ловни пушки, една пневматска пушка и 128 ловни патрони. Во акцијата се извршени 35 претреси, а на граничните премини се уапсени две лица – информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Во рамки на оперативните активности беа извршени контроли и прегледи на 548 селектирани лица и 382 возила, меѓу кои патнички и товарни возила, како и приколки. Дополнително, Одделот за криминалистичко-разузнавачка анализа при Бирото за јавна безбедност и Секторот за меѓународна полициска соработка извршија проверки во интерните бази на податоци за повеќе од 500 лица и 300 возила“, соопштија од МВР.

Во предоперативната фаза на акцијата, при два претреси, биле пронајдени и одземени три пиштоли, 115 куршуми, рамка за оружје, седум ловни патрони, три рачни бомби и кутија со барут, а дополнително биле пронајдени и одземени пиштол, рамка, импровизирана направа во вид на цевка за испукување куршуми и 77 куршуми.

Во Скопје и Битола биле извршени и четири вонредни контроли во стрелачки клубови и две вонредни контроли во цивилни стрелишта, а при контрола во стрелачки клуб во Прилеп биле одземени ловна пушка и револвер.

„Учество во вакви меѓународни оперативни акции претставува значаен придонес во зајакнувањето на меѓународната полициска соработка, размената на информации и координираното постапување во борбата против недозволената трговија со оружје и прекуграничниот криминал. Преку заеднички и координирани активности со меѓународните партнери, МВР продолжува активно да придонесува кон унапредување на безбедноста и спречување на нелегалниот промет со оружје, муниција и експлозивни средства“, посочија од МВР.

 

 

 

 

 

извор: 360 степени

Continue Reading

Претходно: За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски
Следно: Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

Поврзани вести

Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39
petka-696x703
  • Македонија

Утре се празнува Светата маченичка Параскева (Петка) – ја жртвувала удобноста за да им помага на сиромашните

Шеталиште 09/11/2026 11:07
kapinkovski-naslov-2-1536x1095
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У19: Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери, за вториот квалификациски круг за ЕП 2027

Димитар Петковски 09/11/2026 10:49
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани