Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите истакна дека во наредните денови МВР преку кампања ќе ги повикува граѓаните кои што не ги обновиле возачките дозволи со новото уставно име, да пристапат и да извадат нови.
„Повеќе нема гужви, ќе бидеме особено фокусирани на ова. Ги замолувам сите граѓани кои што имаат возачки дозволи со старото име да пристапат во рамки на просториите на МВР и да поднесат барање за промена“, вели Тошковски.