Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

МВР со важно соопштение за возачките дозволи

Шеталиште 10/03/2026 13:29
articleimage.img2farticle_images2fwp-content2fuploads2f20142f012f212fvozachki-dozvoli-11

Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија информира дека со новите законски измени во управната постапка, забраната за управување со моторно возило, изречена со правосилни судски пресуди, повеќе нема да се впишува физички во возачката дозвола. Со ова се укинува и потребата за плаќање за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана.

Наместо тоа, забраната ќе се известува преку дигитален систем – со две СМС пораки и електронска пошта.

Како ќе се спроведува постапката

Прва порака: Информативна, се испраќа приближно седум дена по пополнувањето на изјавата со контакт-податоци. Содржи информации за видот и времетраењето на забраната.

Втора порака: Испраќа се осум дена по првата порака. Од моментот на нејзиниот прием официјално започнува да тече забраната.

Министерството најавува дека во следната фаза ќе се овозможи забраната да започнува веднаш по ажурирањето на податоците. Досега, повеќе од 3.000 забрани се реализирани според новиот дигитален систем.

Важно известување

Забраната не започнува од денот на пополнување на изјавата, туку исклучиво по приемот на втората порака.

Апел до граѓаните

МВР ги повикува граѓаните за кои постојат правосилни пресуди со ваква санкција да се јават во надлежните одделенија за управни работи за ажурирање на контакт-податоците (мобилен број и е-маил адреса).

Граѓаните кои ќе се обидат да избегнат извршување на забраната, а МВР веќе располага со нивни контакти, ќе бидат известени преку СМС и е-маил, по што санкцијата ќе биде спроведена.

Паралелно, автоматизирано се спроведуваат и забраните регистрирани преку системот Безбеден град, со истиот начин на известување.

Со овие измени, постапката станува побрза и поефикасна, а административните процедури за граѓаните значително се намалуваат.

 

 

 

 

Прв.мк

Continue Reading

Претходно: Мицкоски утре ќе бара од маркетите да не ги зголемуваат цените
Следно: Измамена 80-годишна жена од Битола

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00
toplo1
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Шеталиште 08/08/2026 07:59
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 1
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 2
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 3
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00
Портокалова фаза, температури до 40 степени toplo1 4
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

08/08/2026 07:59
Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица bogorodica-granica 5
  • Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица

08/08/2026 07:57

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
Screenshot 2026-08-08 100519
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00
toplo1
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Шеталиште 08/08/2026 07:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани