Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

МВР со детали за двојното убиство во Прилеп

Шеталиште 13/07/2025 10:44
policija-svetla39-1

Во центарот на Прилеп синоќа се случи трагедија што ја потресе јавноста, кога во семејна куќа беа пронајдени безживотните тела на 13-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 62 години. Според првичните информации од истрагата, настанот е резултат на длабоки семејни недоразбирања и нерешени имотни прашања, кои кулминирале со убиство и самоубиство.

Случајот започнал кога во полицијата била пријавено дека се претпоставува дека таткото и синот се наоѓаат во домот на нивен роднина. Полициските службеници се упатиле на адресата, но никој не ја отворил вратата. По наредба од јавен обвинител, полицијата ја отворила вратата со сила, при што едно лице фрлило експлозивна направа кон нив, која за среќа само чадела и не експлодирала. Веднаш потоа, од куќата било отворено оган кон полицајците, по што тие возвратиле со службено оружје.

По интервенцијата, во раните утрински часови лекарска екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт кај трите лица, сите со повреди од огнено оружје. Според податоците од истрагата, 62-годишниот маж прво ги убил својот внук од сестра и неговиот син, а потоа си го одзел животот. Мотивите за трагичниот настан ги објавил и на социјалните мрежи непосредно пред самоубиството.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите и за прибирање на сите докази, оружје и муниција пронајдени на местото на трагедијата, кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење. Надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот, кој остави длабока трага во прилепската јавност.

Continue Reading

Претходно: Наградата „Актерот на Европа“ оваа година за битолскиот актер Здравко Стојмиров
Следно: Со Mint Credit твојот аванс до плата носи повеќе ова лето!

Поврзани вести

prilep-programa
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

Шеталиште 09/10/2026 14:57
policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
policija-8
  • Прилеп инфо

45 – годишен прилепчанец фатен со марихуана и метамфетамин

Шеталиште 02/10/2026 11:58
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 3
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 4
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 5
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани