Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Шеталиште 21/08/2026 09:26
20260821110600_big_730x400_4

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, а особено до сопствениците и операторите на дронови, за доследно почитување на правилата за безбедно користење на воздушниот простор.

Од МВР посочуваат дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно почитување на правилата за безбедно користење на воздушниот простор.

-Поради природата и итноста на задачите, местото, времето и маршрутата на движење на полициските хеликоптери не секогаш можат однапред да бидат предвидени, особено при интервенции поврзани со пожари и други итни настани. Од тие причини, МВР упатува сериозен апел и предупредување: лицата кои не ги исполнуваат законските услови за управување со беспилотни воздухоплови – дронови и немаат соодветни одобренија, регистрации или сертификати кога тие се задолжителни, да не вршат операции со дронови спротивно на важечките прописи, се наведува во соопштението од МВР.

Операторите кои ги исполнуваат пропишаните услови, како што велат од МВР, се должни операциите да ги вршат исклучиво во согласност со важечките воздухопловни прописи, ограничувањата на воздушниот простор и условите утврдени од надлежните воздухопловни органи, вклучително и потребните најави и координација со надлежните служби за контрола на летањето, кога тоа е пропишано.

Доколку оператор на дрон забележи или слушне полициски хеликоптер во близина, должен е веднаш и без одлагање безбедно да го приземји дронот.

-Во ниту еден случај не смее да се управува со дрон во насока кон хеликоптер, да се приближува до него, да се следи неговото движење или да се снима од непосредна близина, истакнуваат од МВР.

Особено нагласуваат дека присуството на дрон во зоната во која дејствува хеликоптер претставува сериозна опасност за безбедноста на летот. Судир на дрон со хеликоптер може да предизвика сериозно оштетување, губење на контрола над воздухопловот и директно загрозување на животот на екипажот, како и на лицата и имотот на земја.

-Ризикот е дополнително зголемен при операции за гасење пожари, кога хеликоптерите летаат на мали височини, во услови на чад, намалена видливост, турбуленција и високо работно оптоварување на екипажот, при што навремено забележување и избегнување на мал беспилотен воздухоплов – дрон може да биде исклучително тешко, велат од МВР.

Посочуваат дека појавата на дрон во оперативната зона може да доведе и до целосен прекин или одложување на летачките операции, со што директно се намалува ефикасноста на интервенцијата и дополнително се загрозуваат населението, пожарникарите, имотот и природните ресурси.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе бидат преземени соодветни мерки за утврдување на идентитетот и одговорноста на лицата кои со незаконско или небезбедно управување со беспилотни воздухоплови ја загрозуваат безбедноста на воздушниот сообраќај и полициските воздухоплови.

За непочитување на законските обврски и за дејствија со кои се создава опасност за воздухоплов, екипаж или други лица, ќе се преземаат прекршочни и, кога се исполнети законските обележја, кривични мерки согласно важечките прописи. За слични вакви евидентирани случаи надлежните служби, како што посочуваат од МВР, веќе постапуваат во рамките на своите законски овластувања.

Од Министерството апелираат до сите граѓани и оператори на дронови да покажат максимална одговорност и дисциплина, нагласувајќи дека безбедноста на екипажите кои секојдневно се ангажирани во заштита на граѓаните и справување со пожарите мора да биде заедничка одговорност на сите.

 

 

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Мадона го прослави роденденот во Грција – Мицотакис ѝ честиташе
Следно: Вирусот потврден и кај мртов гавран, до денеска 43 пациенти со западнонилска треска

Поврзани вести

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани